Онлајн кредит и депозит на Халкбанк со неколку клика: Откријте ги сите нивни предности и придобивки
- Детали
- четврток, 26 октомври 2023
Развојот на новите технологии и дигитализацијата донесе вистинска револуција во сите сегменти на животот. Денес многу работи можат да се завршат онлајн, од компјутер или мобилен телефон. Без оглед дали сакаме да купиме некој производ за себе или за домот или можеби сакаме да аплицираме за некаква услуга, сè што е потребно е само интернет конекција.
Од новата реалност во која брзината, комфорот, но и штедењето време се многу важни за секој поединец не е исклучок ни банкарскиот сектор што постојано, во различен степен, испорачува нови услуги базирани на новите технологии.
Технолошкиот развој и константното следење на потребите на клиентите резултираше со тоа Халкбанк, како банка која што е предводник во имплементацијата на нови технолошки и информатички трендови на домашниот финансиски пазар, да креира производи Онлајн депозит и Онлајн кредит со кои уште еднаш ја потврди својата лидерска позиција во воведување нови иновативни производи и услуги. Овие производи се наменети за физички лица, клиенти на банката кои се корисници на електронското банкарство. Со користење на електронското банкарство на Халкбанк може лесно, брзо и едноставно, без посета на филијала, да се креира штеден влог или да се дојде до потребни финансиски средства.
Производот Онлајн депозит е особено интересен во моментов бидејќи нуди исклучително атрактивни каматни стапки за орочени средства. Може да се штеди во денари или во евра, при што минималниот износ на вложување е 3.000 денари, односно 50 евра, додека максималниот износ е неограничен, согласно расположливите средства на трансакциската сметка (вклучувајќи го и кредитниот лимит). Средствата можат да се орочат на 6, 12 и 24 месеци, а каматите се фиксни за целиот период на орочување. Па така, за штедење во денари тие изнесуваат 2% ако е орочувањето на шест месеци, 3.3% за орочување на 12 месеци и дури 3.8% за орочување на 24 месеци. Доколку се штеди во евра, каматните стапки изнесуваат 1.5, 2.5 и 3% во зависност од периодот на орочување. Кај Онлајн депозитот износот кој што се уплаќа е фиксен, односно нема можност за дополнителни уплати и исплати, а каматата се исплаќа на крај на периодот на орочување. Постапката за креирање на штеден влог е едноставна, а договорот за орочување на средствата од страна на клиентот и Банката се потпишува во електронска форма.
На ист, едноставен начин, со само неколку клика, може да се дојде и до средства со Онлајн кредитот на Халкбанк. Истиот е наменет за корисници на електронско банкарство кои истовремено се и приматели на плата или пензија во Банката. Максималниот износ за аплицирање е до 450.000 денари, рокот на отплата е до 72 месеци, а каматната стапка е 8,5% фиксна за целиот период на отплата. Кредитот е без БЕЗ провизија за обработка, БЕЗ провизија за предвремена ликвидација и БЕЗ трошоци за апликација за кредит. Постапката за аплицирање за онлајн кредитот е навистина куса, а истовремено и безбедна. Договорот се потпишува во електронска форма, а префрлањето на средствата на сметката на барателот, по потпишувањето, е во рок од 5 минути.
Доколку имате пари кои ви стојат дома или на сметка како заштеда, а немате време да посетите некоја експозитура, не двоумете се, креирајте штеден влог и искористете ги поволните камати кои ги нуди Халкбанк. На ист начин, брзо и едноставно, можете да дојдете до средствата кои што ви се потребни за задоволување на било каква потреба. Онлајн депозитот и Онлајн кредитот и на Халкбанк се вистински производи за вас.