Заменете го месото во исхраната – изберете Veggie Joy од Виталиа!

Периодот на Велигденските пости е добро време да пробате алтернативни начини на исхрана, кои ќе ви овозможат прочистување на телото од токсините, регулирање на телесната тежина и општо подобрување на здравствената состојба по напорните два пост-новогодишни месеци. Со иновативните Veggie Joy веган миксови од Виталиа, имате можност да ја развиете вашата креативност во подготовка на посни и вкусни веган оброци.

zamenete-go-mesoto-vo-ishranata-izberete-veggie-joy-od-vitalia-01.jpg

Оваа уникатна линија на смеси содржи растителен протеин од грашок и зеленчук, а се збогатени и со витамин Б12, што ги задоволува нутритивните потребни за овој витамин кој природно се содржи само во производи од животинско потекло.

Лицата со стриктна исхрана која исклучува било какви животински продукти се во посебен ризик од дефицит на витаминот Б12, кој е важен за здравиот метаболизам и функционирањето на нервниот систем. Витаминот Б12 го поттикнува производството на црвени крвни клетки (еритроцити) и е од суштинска важност за правилно функционирање на мозокот.

Veggie Joy од Виталиа достапни се во три вида со вкус на пилешко, телешко и микс со зеленчук и семиња.Оваа уникатна формулација содржи највисок процент на комплетни протеини во споредба со сличните производи и алтернативи на месо.

zamenete-go-mesoto-vo-ishranata-izberete-veggie-joy-od-vitalia-02.jpg

Доколку вие сте дел од верните љубители на соја трошки, топчиња и шницли, имаме одлични вести за вас! Наскоро, во најблискиот маркет до вас ќе го пронајдете и новиот VEGGIE JOY текстуриран протеин од грашок, во две варијации: трошки како замена за мелено месо и резанки – одличен избор за посна замена на парчиња пилешко или свинско месо.

zamenete-go-mesoto-vo-ishranata-izberete-veggie-joy-od-vitalia-03.jpg

Идеална замена на месо, без додадени адитиви или зачини, новите Veggie Joy содржат само 100% протеин од грашок и есенцијалните 9 аминокиселни кои се неопходни за здрава и балансирана исхрана.

zamenete-go-mesoto-vo-ishranata-izberete-veggie-joy-od-vitalia-04.jpg

Се подготвуваат лесно и едноставно. Само истурете ја содржината од ќесата во подлабок сад и додадете 200ml зовриена вода и зачини по желба. Потоа добро измешајте и оставете ја смесата да отстои 10 минути. Едноставно, изберете ја намената за која ви е потребна алтернатива на месо и можете да ги додадете во сосови за тестенини, чорби, солени намази, фил за тортиљи, турлитава, сарма и многу други јадења.

zamenete-go-mesoto-vo-ishranata-izberete-veggie-joy-od-vitalia-05.jpg

Без разлика дали ќе изберете готова Veggie Joy смеса или некој од новитетите, вкусот ќе ве увери дека алтернативите на месо можат да бидат подеднакво, ако не и повеќе вкусни од обичното месо, а притоа нема да ви создадат грижа на совест бидејќи знаете дека јадете нешто здраво и корисно за вас.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg