Ана Дорник - жената која го победи ракот доаѓа во Скопје

Конечно македонската публика ќе има можност одблиску да ја запознае популарната српска хуманитарка и инфлуенсерка Ана Дорник, жената која со својата работа им помага на многу жени да се справат со борбата со ракот.

ana-dornik-zhenata-koja-go-pobedi-rakot-doagja-vo-skopje-01.jpg

Ана Дорник е хероина, една од нас, жена која победила во борбата со ракот на дојка и одлучила со своето искуство да им помогне на сите жени кои поминуваат низ иста фаза во животот. Со своето здружение „Жена уз жену“ и aвтобиографската книга „Ти си таа“ таа се бори за поголема свесност за раната превенција, едукација и поддршка во лечењето и секојдневните предизвици со кои се соочуваат жените кои се борат со оваа болест.

ana-dornik-zhenata-koja-go-pobedi-rakot-doagja-vo-skopje-07.jpg

На 29 март, во хотелот Александар Палас, со почеток во 19 часот, Ана ќе ја промовира својата автобиографска книга „Ти си таа“ а гостите ќе имаат можност да проследат дел од нејзините мотивациски говори како и одблиску да ја запознаат и да поразговараат со неа. Поддршка за македонското преставување Ана Дорник доби од нашето Здружение ЕЗРА.

ana-dornik-zhenata-koja-go-pobedi-rakot-doagja-vo-skopje-02.jpg

- Искрено се радувам и со нетрпение ја очекувам средбата со македонската публика. Веќе имам многу следбеници од Македонија, кои постојано ми пишуваат и ме канат да дојдам кај вас. Затоа, со помошна моите пријатели од Езра, oдлучивме да ја направиме оваа промоција и да се запознаеме и во живо. Нашата борба е универзална, не познава граници или јазични бариери, сите сме ние исто во нашата истрајност да го победиме ракот. Затоа е важно да зборуваме oтворени и да се поддржуваме – ни изјави Ана Дорник

ana-dornik-zhenata-koja-go-pobedi-rakot-doagja-vo-skopje-03.jpg

Инаку, за својата хуманитарна работа Ана Дорник ја добила наградата за животно дело на министерството за здравство на Србија, како и други награди кои се признание за нејзините заложби. Таа ја води и ТВ емисијата „Со Ана без табуа„ во која гостувале многу естрадни ѕвезди и јавни личности од Србија и регионот.

ana-dornik-zhenata-koja-go-pobedi-rakot-doagja-vo-skopje-05.jpg

За време на промоцијата, посетителите ќе можат да ја набават нејзината автобиографска книга а целиот приход од продажбата ќе биде наменет за борбата со ракот на дојка. Исто така, Ана Дорник заедно со претставниците на здружението Езра ќе ги посетат и жените кои се ново оперирани на клиниката за торакална хирургија.

ana-dornik-zhenata-koja-go-pobedi-rakot-doagja-vo-skopje-06.jpg

ana-dornik-zhenata-koja-go-pobedi-rakot-doagja-vo-skopje-04.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg