Копаоник – биди и ти на врвот!

Копаоник, еден од најпопуларните скијачки центри како во Србија така и во регионот, подготвено ги чека сите љубители на скијањето, од почетници до професионалци!

kopaonik-bidi-i-ti-na-vrvot-01.jpg

Скијачкиот центар Копаоник има ски патеки во вкупна должина од околу 64 километри, поврзани со систем од 24 модерни жичарници и ски-лифтови, со капацитет од над 34.000 скијачи на час. Љубителите на зимските спортови најмногу радуваат на снегот, но и да нема доволно снег, тука се најмодерните топови и фрлачи за вештачко правење на снег.

Покрај патеките за алпско и нордиско скијање, скијачкиот центар Копаоник има и организиран снежен парк, најголем од ваков вид во Србија, но и во околните земји, наменет за freestyle скијачи и сноубордери.

kopaonik-bidi-i-ti-na-vrvot-02.jpg

Ноќното скијање е посебно искуство, глетката додека се качувате со жичара до Панчиќев врв останува незаборавен спомен, а слободно може да се каже дека Копаоник, гледан од оваа преспектива, е планина на дланка. За ноќно скијање осветлени се патеките Панчиќ 4б, Мало језеро и Караман гребен.

kopaonik-bidi-i-ti-na-vrvot-03.jpg

Секако, покрај скијањето и адреналинските спортови, сите гости можат да очекуваат и други зимски радости, како што се санкање, возење со боб по шини, тубинг, возење со моторни санки итн. Исто така, такси ратрак, со големо задоволство, ќе ве однесе на малку поспецифично возење низ Копаоник, доколку сте расположени за ваков тип на авантура, но со мала напомена дека е потребно однапред да закажете термин за овој тип искуство.

Комбинацијата од незаборавни доживувања, омилени снежни спортови, адреналин, сонце и забава гарантира уникатно искуство за посетителите на овој прекрасен туристички центар.

Туристичката понуда на овој прекрасен зимски центар е прилагодена за семејства со деца. Во Детскиот град децата можат да уживаат во игрите на снег, а за најмалите скијачи и почетници има три „ски градинки“ со подвижни ски ленти. Првите чекори на ски патеката најдобро се совладуваат со игра, дружење и забава.

Копаоник располага со голем број сместувачки капацитети, од апартмани и викендички, одморалишта до најлуксузните хотели во центарот и викенд населбата која е на оддалеченост од околу 4 километри од центарот. По завршување на целодневните зимски авантури, гостите можат да се препуштат на првокласни третмани за релаксација во велнес центрите, да ги користат модерните фитнес центри, во тишина да уживаат во читањето со закуска и топол пијалок и да ги пробаат традиционалните јадења од регионот.

И за крај, она што ја прави уникатна туристичката понуда на овој прекрасен регион е близината на Јошаничката Бања, која се наоѓа на падините на Копаоник.

Уникатно искуство, во еден ден можете да скијате и да уживате во благодетите на термалната минерална лековита вода.

Одморот на Копаоник претставува незаборавно искуство, природна убавина со модерна и богата туристичка понуда. Најголемиот скијачки центар во Србија е вистинскиот избор за квалитетен зимски одмор и најубави искуства, приказна во која секој има свое посебно место.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg