Boksy.mk - Првата детска апликација за читање и слушање книги во Македонија!

Како да ги поттикнете децата да читаат повеќе книги, а времето поминато пред екраните на мобилните уреди да биде корисно, едукативно и забавно?

boksy-mk-prvata-detska-aplikacija-za-chitanje-i-slushanje-knigi-vo-makedonija-01 (2).jpg

Од денес, многу лесно! Ви ја претставуваме Бокси, првата детска апликација за читање и слушање книги.

Истражувањата во светот, покажуваат дека младите се помалку читаат традиционални книги, а се повеќе претпочитаат дигитални платформи, како што се развива и технологијата. Ваквите навики се сѐ поприсутни и кај децата кај нас и токму затоа, млад тим ентузијасти ја создаде „Бокси“, првата детска апликација во Македонија за читање и слушање книги. Искуствата со овој модел кој е успешно применет на нордискиот пазар покажуваат подобрување на читачките навики на најмладите и љубовта кон книгата. Следејќи го овој пример „Бокси“ на иновативен начин ја збогатува македонската детска литература.

boksy-mk-prvata-detska-aplikacija-za-chitanje-i-slushanje-knigi-vo-makedonija-01.jpg

Преку стотици е-книги и аудио книги достапни на македонски, англиски и албански јазик, апликацијата прави креативен спој помеѓу учењето и забавата за децата уште од најмлада возраст од 3 па се до 16 години.

Најзабавните македонски наслови се дел од библиотеката на Бокси и бројот континуирано расте. „Светот на Биби“, забавни сликовници, авантуристички приказни, едукативни книги, басни, поучни четива од светот на животните, „Стела и Сани“, „Дневникот на едно шмокле“, „Ешка и Ешко“, „Јазовецот Итре“, „Мимбо Џимбо“ и уште многу други книгички можат да се пролистаат на Бокси.

Апликацијата е направена за да го разубавува светот на најмладите и конечно да ја разбуди љубовта кон литературата и читањето. Бокси претставува спој помеѓу светот на игрите и светот на книгите. Во апликацијата дечињата можат да одберат свој аватар и да го уредуват со паричките собрани од секоја прочитана книга. Има еден мал куп на аксесоари / додатоци за аватарчето. Прочитаните книги им носат парички со кои што можат да добијат многу награди како Робакс картички, карти за кино и зоолошка, играчки и безброј други радости.

Покрај книгите, за развивање на интелектот и љубопитноста на децата во оваа апликација ќе бидат достапни и едукативни квизови, како и можност за натпреварување со другарчиња.

boksy-mk-prvata-detska-aplikacija-za-chitanje-i-slushanje-knigi-vo-makedonija-02.jpg

- Македонската детска литература сега ќе е на дофат на децата, збогатена со многу забавни содржини и можности за гејмификација. Со тоа ќе им овозможиме на децата да градат подобри односи со книгите и да стекнат корисни навики за повеќе читање, вели Димитар Најденов, еден од основачите на Ретинг, компанијата која што ја создаде Бокси.

boksy-mk-prvata-detska-aplikacija-za-chitanje-i-slushanje-knigi-vo-makedonija-04.jpg

- Сѐ почна од едно прашање, Како да го направиме времето поминато пред екрани корисно за децата? Знаевме дека мора да има поубав и поинтересен начин да ги донесеме книгите поблиску до детскиот свет. И така и ја создадовме Бокси, со огромна љубов и инспирација од моменталните иновации. Додава Ивана Каралиева Петреска, ко-основач на Ретинг.

boksy-mk-prvata-detska-aplikacija-za-chitanje-i-slushanje-knigi-vo-makedonija-03.jpg

Развојот на мобилната апликација „Boksy“ е поддржан од Фoндот за Иновации и Технолошки развој а истата е веќе достапна и може да се преземе од App Store & Play Store. Компатибилна за мобилен телефон и таблет. Корисниците ќе може да се претплатат и за само 199 денари месечно да уживаат во дигиталната библиотека и игрите.

Повеќе информации за апликацијата се достапни на веб страницата boksy.mk

Ајде да читаме, слушаме и да играме со Бокси!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg