Како да бидете ветер во грб за жените кои творат? (Инстаграм предизвик by oskashop.mk)

Жените – творци во последните 5 години во Македонија покажаа исклучителна смелост и креативност.

kako-da-bidete-veter-vo-grb-za-zhenite-koi-tvorat-instagram-predizvik-by-oskashop-mk-01.jpg

Се отворија нови креативни компании водени од жени и голем број на уметници, дизајнерки, архитекти, режисерки… остварија огромни успеси на интернационални натпревари.

Мотивацијата мора да продолжи во овој правец и да биде засилена. Е-продавницата за уникатен, дизајниран мебел oskashop.mk ја слави творечката енергија на жените на интересен начин и предвидува низа на активности. 

Да го искористиме овој месец на жената за да преземеме чекори да ги препознаеме новите жени-творци и да ги издигнеме веќе реномираните. 

kako-da-bidete-veter-vo-grb-za-zhenite-koi-tvorat-instagram-predizvik-by-oskashop-mk-02.jpg

Како да го направиш тоа:  

1. Пофали и сподели јавно за успех на некоја жена - творец. Искористи ги социјалните медиуми за поддршка.

2. Кога некоја жена се сомнева во своите способности за аплицирање/учество во креативен проект биди нејзиниот support system. 

3. Дали знаеш дека новите мајки влегуваат во нова етапа на креативна енергија и можат да бидат уникатен дел од твојот тим? Не се двоуми да вклучиш жени-мајки во твојот следен проект.

4. Помогни/преземи иницијатива за поголемо вмрежување на жените-креатори во маалото во кое живееш.

5. Сподели дел од твоите вештини преку менторство и едукација на жени кои имаат потреба од истите. 

6. Охрабри жена да основа своја компанија, биди и првиот фан!

7. Кога ќе слушнеш критика за жена, отвори дискусија, дали би важел истиот коментар доколку станува збор за маж на истата позиција? 

8. Доколку слушнеш за отворена можност за проект или ангажман - препорачај жена чиј профил одлично ќе се вклопи во приказната.

За да бидеме погласни @oskashop.mk започнува со Инстаграм предизвик.

Најинсипиративниот пост ќе ја освои дизајнерската полица Jungle која е дел од колекцијата Mother, дизајнирана од @SaraSimoskaArhitektura.

Правила за учество:

 - Постирај Инстаграм пост (фотографија / видео / reel) на твојот профил инспириран од творечката енергија на жените. Изрази се на свој автентичен начин;

- Краен рок - 8ми март;

- Тагни го Инстаграм профилот на @oskashop.mk на твојата објава и ќе имаш можност да ја добиеш рачно изработената полицата Jungle, која е инспирирана од мајката природа.

Прочитај повеќе на Инстаграм профилот @oskashop.mk.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg