„ЛУКОИЛ Македонија“ ја отвори својата 33-та бензинска станица во земјава
- Детали
- четврток, 04 ноември 2021
„ЛУКОИЛ Македонија“ ја отвори својата нова бензинска станица лоцирана на излезот од Куманово на регионалниот пат Опае – Слупчане.
Модерната бензинска станица, која е 33-та за ЛУКОИЛ во земјава, се простира на површина од 3.721 м2 и e изградена според новиот корпоративен стил на компанијата. Таа е и повеќенаменски комплекс што во себе вклучува снабден маркет, простран паркинг за лесни и тешки товарни возила, кои ќе овозможат корисни услуги за сите посетители. Во неа ќе бидат вработени 12 лица, обучени според професионалните компаниски програми.
На новата бензинска станица потрошувачите ќе може да се снабдат со познатото брендирано гориво ЕКТО од ЛУКОИЛ, кое важи за најефикасно гориво на македонскиот пазар поради неговите перформанси што овозможуваат поголема моќност на моторот, побрз старт и намалена потрошувачка. На бензинската станица ќе биде достапен ТНГ-автоплин, како и масла од палетата на ЛУКОИЛ. Во согласност со корпоративните стандарди на ЛУКОИЛ, бензинската станица ќе понуди широк спектар на дополнителни услуги, меѓу кои безжичен интернет и други поволности за луѓето што транзитираат во овој регион.
„Со новата бензинска станица ја потврдуваме заложбата на нашата компанија во развој на мрежата во државата. Горди сме што успеавме да ја отвориме 33-та бензинска станица и да му обезбедиме на локалното население најефикасна и најквалитетна услуга. Оваа бензинска станица, како и останатите, ги следи светските трендови, новите критериуми и нуди висококвалитетни горива и ниво на услуги, со цел да им овозможиме врвно искуство на нашите потрошувачи“, изјави Андреј М. Куку, регионален управител на „ЛУКОИЛ Македонија“.
Денешното отворање на новата бензинска станица симболично се поклопува со големиот празник во Русија „Денот на народното единство“. „ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува со проширување на својата мрежа во државата и сега веќе брои вкупно 33 бензински станици преку кои обезбедува квалитетно гориво и врвни услуги. Бензинските станици на ЛУКОИЛ се протегаат низ целата територија на Македонија за да им овозможат на корисниците безгрижно движење и уживање на патиштата.