Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Сувата кожа е проблем со кој се соочуваат многумина од нас, но решението не мора да биде во скапи креми или интензивни третмани. Тајната на хидрираната кожа се крие во еден едноставен, но ефикасен чекор што можете да го применувате секој ден.

eden-chekor-ve-deli-od-dlabinska-hidratacija-otkrijte-ja-tajnata-na-sovrshenata-kozha-01.jpg

Замислете производ што ја унапредува вашата рутина за нега на кожа – што ги отстранува трагите на сувост, затегнатост и црвенило, а притоа кожата останува мазна, мека и сјајна. За да постигнете навистина хидрирана кожа која останува ревитализирана во текот на целиот ден, важно е да користите производи со природни состојки кои ѝ помагаат на кожата да ја задржи влагата.

Кокосовото масло длабински ја хидрира кожата, спречува сушење и ја прави помека, додека бадемовото масло дополнително ја храни и негува, давајќи ѝ чувство на мазност и еластичност. Витаминот Е делува како моќен антиоксиданс, ја штити кожата од надворешни влијанија и ѝ помага да ја задржи природната влага. Кога овие состојки се комбинираат во еден производ, добивате моќна нега која ја прави кожата здрава и блескава.

Токму поради ваквата внимателно осмислена формула, Флогоцид сапунот стана омилен избор на многу корисници. Неговата уникатна комбинација на растителни масла – кокос, бадем и палма – во комбинација со витамините Е, А, Б6 и Д, ѝ дава на кожата длабинска хидратација и го поддржува нејзиниот природен баланс. Неговата богата пена ја чисти кожата без да ја суши, поради што е совршен за секојдневна употреба за лице и тело.

Создаден од активниот дел на Флогоцид кремата, овој сапун нуди многу повеќе од обично чистење – тој е вистински сојузник во хидратацијата и негата на кожата.
Многу корисници открија дека, за најдобри резултати, го комбинираат Флогоцид сапунот со Флогоцид кремата, која дополнително ја храни, смирува и штити кожата.

За да ви ги прикажеме уште подобро ефектите од оваа комбинација, ви ги пренесуваме искуствата на корисници кои веќе ги имаат откриено сите предности на Флогоцид производите:

„Го користам Флогоцид сапунот за лице секое утро и вечер. Порано се мачев со сува кожа која по миење беше затегната, но со Флогоцид сапунот тоа целосно се промени. Кожата ми е мазна и мека, а чувството на свежина трае цел ден. Кога лицето ми е особено суво, по миењето со сапунот ставам и Флогоцид крема – таа комбинација е чудо за мојата кожа“, истакна Ана.

„Имам склоност кон сува кожа, особено во текот на зимата, и често чувствував непријатно затегање по миење. Откако почнав да го користам Флогоцид сапунот, кожата ми стана значително помека и хидрирана, без она непријатно чувствo на сувост. По миењето со сапунот, задолжително користам и Флогоцид крема и тоа е совршена комбинација за мојата кожа. Чувствувам дека кожата ми е постојано хидрирана и нежна“, вели Тамара.

Испробајте ја и вие оваа идеална комбинација од Флогоцид сапун и Флогоцид крема и овозможете ѝ на вашата кожа хидратација каква што заслужува.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg