Кожата и лицето бараат беспрекорна грижа и индивидуален пристап
- Детали
- понеделник, 24 март 2025
Првата работа при секоја средба која луѓето ја забележуваат кај нас е нашето лице. Може да имате брендирана облека или скап накит, но првиот впечаток секогаш доаѓа од сликата која соговорниците ја гледаат пред нив, а тоа е нашето лице. Токму затоа е важно секогаш да имаме беспрекорна грижа за нашата кожа.
Многу жени сметаат дека шминката, фризурата и накитот се поважни од најобичната хигиенска рутина која секоја личност мора да ја има, но сите овие елементи се второстепени и помалку важни за целосниот изглед.
Секако, овие нешта може да ги истакнат нашите убави црти на лицето, но тоа е незначително доколку немаме квалитетна грижа и прецизна рутина секојдневно. Секој ден, наутро и навечер, мора да се грижиме за нашата кожа, бидејќи тоа е основата за прекрасен лик во секоја ситуација.
Индивидуалниот пристап е круцијален фактор
Секоја личност има различен тип на кожа. Секој од нас мора да знае каква комбинација поседува и да знае како да се грижи за себе. Доколку не сте сигурни, побарајте помош од стручни советници на dm, достапни во дрогериите ТЦ Diamond Mall, ТЦ K Mall, Куманово и Битола на улица Никола Тесла 18, каде може да дознаете каков тип на кожа имате и какви производи се најдобри за вас.
Овие лица може да ви укажат на предностите и негативностите на вашиот тип на кожа и како да се грижите за неа, но и да дознаете каков тип на шминка одговара идеално за вас.
Ваквата иницијатива на dm е вистинска реткост кај нас и секоја жена, дури и оние кои сметаат дека знаат совршено сè за својата кожа, треба да ги посети и да провери дали нешто пропушта во сликата и грижата за себе и дали можеби има продукти за кои не знае, а одлично ќе делуваат. Тимот од стручни советници за убавина ќе пронајде решение и за најспецифичните типови.
Задолжителна процедура и грижа за лицето
Без разлика на индивидуалниот пристап, секој треба да има дневна „skin care“ рутина која ќе ја одржи вашата кожа здрава и долговечна.
Отстранување на нечистотиите
Секојдневно на нашето лице се наталожуваат безброј нечистотии. Не е важно дали вие нанесувате лосиони, креми и други препарати. Самото излегување надвор од домот значи соочување со безброј ситни честички кои може да ги затворат порите на кожата и да создадат проблем. Редовното чистење на кожата навечер е основен дел од дневната рутина. Затоа dm ви дава шанса да го пробате вирално познатото Balea масло за лице, кое може да го добиете како подарок во секоја dm дрогерија до 30.3.2025, со купување на омилените производи за нега на лице во износ над 899 денари.
Хидратација
Сувата кожа значи иритации, но и предвремено стареење. Вашето лице секогаш мора да биде совршено влажно, па дури и да имате масна кожа, употребувајте производи со кои ќе ја одржите природната влага на кожата.
Заштита од сонце
Ова е особено важно во летните денови кога сонцето свети силно. Сонцето е број еден фактор за предвремено стареење на кожата и појавата на брчки. Заштитете се со нанесување крема за сончање пред да излезете од дома и не дозволувајте сонцето да ја уништи вашата кожа.
Неделна ексфолијација
Иако ексфолијацијата не е задолжителна секојдневно и доволно е да ја практикувате еднаш до два пати неделно, сепак е многу важно да ја правите бидејќи со тоа ги отстрнувате мртвите кожни клетки кои инаку би се наталожиле во порите. Имајте на ум дека честата ексфолијација може да ја иритира вашата кожа, па не го правете тоа пречесто.
Правилен избор на храна
Одберете здрава храна бидејќи таа во огромна мера влијае на изгледот на кожата. Покрај здравата храна, консумирајте и доволни количини на вода, бидејќи со тоа создавате идеален проток на кислород кој ја држи вашата кожа свежа и сјајна.
Користете производи кои одговараат на вашата кожа
Многумина од нас користат производи кои се најпопуларни на пазарот и се познати како производи кои добро се грижат за кожата. Сепак, ваквиот пристап не секогаш е исправен, бидејќи не секоја кожа е иста.
Дознајте го типот на вашата кожа и побарајте совет од стручните beauty советници во dm и употребувајте ги само производите кои одговараат на вашата кожа. Дознајте повеќе детали на нивната интернет страница.