BISCUIT: Бутик, став, приказна – разговор со Наде Лозанче и Златка Дукмеџиева
- Детали
- четврток, 06 март 2025
Некои отвораат бутик. Наде Лозанче и Златка Ковачовска создадоа Biscuit – место каде што стилот не се купува, туку се носи со став. Во BLISS Mall & Retail Park, нивниот бутик стана синоним за префинет вкус, квалитет и избор што не признава компромиси.
Разговараме со нив за модата како израз, за нивните омилени моменти од светот на стилот и за тоа што никогаш нема да најдете во Biscuit.
Ако Biscuit беше личност, како би изгледала?
Наде: Високи потпетици, но секогаш подготвена да се соблечат ако ситуацијата бара акција. Совршено со нашите модели одат и добри патики.
Златка: Секогаш со совршено скроено сако, безвременски стил, но со нешто што сите ќе го забележат – може да е необичен накит, може да е и начинот на кој влегува во соба.
Кој моден совет би го давале постојано, но никој не би сакал да го слушне?
Наде: Ако се мислиш дали ти стои – не ти стои.
Златка: Не е сè за секого – прифати го тоа и ќе изгледаш феноменално.
Што никогаш нема да најдеме во Biscuit?
Наде: Брзи трендови што траат колку еден Instagram пост.
Златка: Нешто што можеш да го видиш на десет други места во истата форма.
Кое беше најинтересното нешто што некој го кажал кога влегол во бутикот?
Наде: Веќе пет минути се обидувам да не сакам сè што гледам.
Златка: Мислев дека ќе влезам само да погледнам. Погледот ме чинеше три нови парчиња.
Biscuit Affair настанот кој го организиравте беше…
Наде: Потсетник дека модата не е само облека, туку начин на кој се движиш низ просторот.
Златка: Вечер кога луѓето не носеа комбинации – носеа карактер.
Мода е…
Наде: Дрскост без потреба да се објаснуваш.
Златка: Одлука која ја носиш пред огледало, но се забележува кога ќе излезеш од дома.
Biscuit во една реченица?
Наде: Бутик што не продава само облека, туку приказна.
Златка: Ако стилот е моќ, Biscuit е местото каде што го полниш својот арсенал.
Како знаете дека некое парче е вистинскиот избор за Biscuit?
Наде: Кога го гледаш и веднаш замислуваш личност што совршено ќе го носи.
Златка: Кога не личина ништо друго што веќе го имаме, но совршено се вклопува во естетиката на бутикот.
Како изгледа личноста што купува во Biscuit?
Наде: Некој што нема потреба да докажува дека има стил, туку го покажува без напор.
Златка: Некој што знае дека добриот избор трае повеќе од една сезона.
Што е поголема инвестиција – добар фустан или добро сако?
Наде: Сакото. Добро скроено сако може да преживее години без да изгледа застарено.
Златка: Фустанот, но само ако е оној вистинскиот – оној што ја дефинира твојата силуета.
Што повеќе зборува за личноста – парчињата што ги носи или начинот на кој ги носи?
Наде: Начинот на кој ги носи. Истото парче може да изгледа потполно различно на две различни личности.
Златка: Ако стилот е јазик, тогаш личноста е начинот на кој се изговараат зборовите.
Последно парче што ве возбуди кога го донесовте во Biscuit?
Наде: Совршено скроен беж мантил што изгледа како нешто што би го носела француска актерка од 70-тите.
Златка: Едноставен, но неверојатно впечатлив црн фустан што докажува дека класиката никогаш не умира.
Biscuit не е место за обични комбинации – тоа е простор за оние што знаат дека добриот стил е повеќе од избор на парчиња.
BLISS Mall & Retail Park
Следете нè на Facebook и Instagram за повеќе инспирација.