Роденденски денови на Техномаркет во Diamond Mall - намалени цени на целата техника и многу изненадувања
- Детали
- четврток, 06 март 2025
Салонот на Техномаркет Македонија во Diamond Mall (на првиот кат) овие денови го одбележува својот прв роденден. По тој повод, тимот на Техномаркет Македонија организира роденденска акција во овој продажен салон, која ќе трае до 9-ти март (недела).
Пред точно една година, се отвори најголемиот и најмодерен салон на Техномаркет во срцето на градот во Diamond Mall на површина од 1200 м2, снабден со најновите производи од сите најголеми брендови за техника со најновите технологии и побарувања на новото време. На ова големо отворање присуствуваа огромен број задоволни потрошувачи, кои ги искористија неверојатните попусти и неповторливите цени, а за дамите по повод 8 март беа обезбедени и специјални подароци.
Овој салон претставува сосема ново шопинг искуство за сите потрошувачи, кои сакаат да се снабдат со квалитетни, модерни производи со најдобри цени на пазарот во модерен и пријатен амбиент.
За да го обележи овој прв јубилеј, Техномаркет Македонија, и оваа година за своите потрошувачи организира голема роденденска акција на која повторно ке им пружи специјални попусти и неповторливи цени на сите производи во својот “Diamond Store” како и специјални изненадувања за сите жени по повод 8 март.
Од Техномаркет Македонија велат дека сите се поканети, а тие што ќе дојдат, сигурно ќе си заминат задоволни и со некој производ што отсекогаш го посакувале. Цените и попустите важат само за салонот на Техномаркет во Дајмонд мол – Скопје до 9 март.
Инаку, Техномаркет Македонија со отворањето на овој салон го зголеми бројот на продавници на 21 ширум Македонија, од кои 8 се во Скопје.
Техномаркет Македонија е една од првите компании за техника во Македонија, која повеќе од 28 години претставува еден од водечките брендови за продажба на техника и производи за домаќинство со сопствена логистичка мрежа и дистрибуција низ целата земја.
Следејќи ги најновите светски трендови, Техномаркет Македонија го зголемува своето присуство и во е-трговијата каде сите производи се достапни и за онлајн купување со посебни привилегии за бесплатни достави, како и можност за купување на рати без камата.