„Макпетрол“ со три медали на Сениорско балканско првенство
- Детали
- сабота, 01 март 2025
Јована Мицовска е Балкански карате шампион... Каратистите на Макпетрол со три медали на Балканското првенство.
Македонија има балкански шампион, тоа е Јована Мицовска.
Таа во финалето на Балканското карате сениорско првенство во Будва, Црна Гора,во категоријата до 61 килограм во финалето ја совлада клупската другарака од Макпетрол Викторија Јовановска со резултат 4-3.
Покрај златото Мицовска и среброто на Јовановска, со бронзен медал се закити и Ангела Мојсовска.
Тренерот Петар З, Јована. М, Викторија. Ј и Ангела. М
Тренерот Петар Заборски: - Задоволни сме од настапот на нашите каратистки по првиот ден од одржување на Балканското сениорско првенство. Каратистките на Макпетрол кои настапуваат за репрезентацијата на Македонија, од три настапи тие освоија и три медали од кои еден 1 златен Јована Мицовска , 1 сребрен Викторија Јовановска и еден 1 бронзен медал за Ангела Мојсовска. Посебно сум задоволен од пристапот и нивната борбеност и желба за успех која ја искажаа во сите борби со најквалитетните каратистки од сите балкански држави.
На Балканското сениорско првенство кое се одржува викендов во Будва, Црна Гора, учествуваат 12 држави со 337 спортисти.
Во секоја тежинска категорија право на настап имаат најдобрите 4 (четири), спортисти од секоја држава. За многу Држави Балканското првенство е критериумско за влез во националните репрезентации, за претстојното европско сениорско првенство.
Резултати Балканско првенство за сениори:
Балканска шампионка Јована Мицовска (-61 кг)
Јована Мицовска – Ника Бешлија (Хрватска) 5-4
Јована Мицовска – Јована Струјиќ (Црна Гора) 8-4
Јована Мицовска – Магдалена Божиновска 0-0
Финале
Јована Мицовска Викторија Јовановска 4-3
Викторија Јовановска – Миа Чачко (Хрватска) 0-0
Викторија Јовановска – Кристина Ѓоргевиќ (Србија) 2-1
Викторија Јовановска – Луција Батаија (Хравтска) 1-0
Викторија Јовановска – Миа Грета Зорко (Хрватска) 3-1
Финале
Викторија Јовановска – Јована Мицовска 3-4
-68 кг
Ангела Мојсовска – Леа Вукоја (Хрватска) 8-5
Ангела Мојсовска – Бријана Маница (Романија) 8-1
Ангела Мојсовска – Дуња Рајиќ (Србија) 8-5
Ангела Мојсовска – Илма Рахмановиќ (БиХ) 4-7
За бронза
Ангела Мојсовска – Матеа Калмар (Србија) 2-1
Каратистките медалистки од Макпетрол - Скопје