„Вива“ повторно на најголемиот светски саем за храна и пијалаци „Gulfood“ во Дубаи
- Детали
- четврток, 20 февруари 2025
Водечкиот македонски производител на природни овошни сокови, Вива, по вторпат е дел од реномираниот меѓународен саем „Gulfood“ како учесник и спонзор. Оваа година, „Gulfood“ го слави своето 30-то јубилејно издание, кое се одржува во Дубаи од 17 до 21 февруари. Настанот, кој важи за еден од најпрестижните во светската прехранбена индустрија, претставува извонредна можност за Вива да ја презентира својата широка палета на квалитетни и природни производи пред светската публика и потенцијалните деловни партнери.
Вива, како единствена македонска компанија на „Gulfood“, се претставува со своето комплетно портфолио – сокови во различни категории, смути, доматни сосови и кечапи, направени од свежо овошје и зеленчук. Учеството на овој саем е потврда за посветеноста на Вива кон зголемување на извозот, освојување на нови пазари и промоција на македонските производи во светски рамки, како и за придонесот на компанијата во креирањето на глобалните трендови во прехранбената индустрија.
„Наша стратешка определба е континуирано да учествуваме на водечките светски саеми, каде што имаме можност да го претставиме нашиот врвен квалитет и да ја зацврстиме позицијата на меѓународните пазари. „Gulfood“ ни отвора нови перспективи за извоз и создавање партнерства со компании од целиот свет, а тоа е клучен чекор во нашиот план за раст и развој“, истакнуваат од менаџментот на компанијата.
Оваа година, на саемот се претставуваат над 5 500 изложувачи од 129 земји, што го прави еден од највлијателните настани во индустријата. Учеството на „Gulfood“ ја потврдува позицијата на Вива како бренд со 30-годишна традиција, синоним за квалитет, доверба и иновативност. Следејќи ја својата стратегија за постојан раст и проширување на пазарите, Вива оваа година ќе биде дел и од престижниот меѓународен саем „Ануга“ во Келн, Германија.