Сетек – Општествено одговорна компанија: Подарок Rowenta прочистувачи за воздух на здружението за ментално здравје ЦЕДУЗ – Скопје
- Детали
- четврток, 06 февруари 2025
Во рамки на своите активности за поддршка на локалната заедница и подобрување на квалитетот на живот, Сетек објавува дека реализираше донација на прочистувачи за воздух од брендот Rowenta на здружението за ментално здравје ЦЕДУЗ – Скопје.
Оваа донација има за цел да придонесе за создавање здрава и чиста средина во просториите на здружението, што е од клучно значење за благосостојбата на корисниците и персоналот. Прочистувачите за воздух ќе помогнат во подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на алергените и создавање пријатна атмосфера која позитивно влијае врз менталното здравје.
„Како општествено одговорна компанија и соработка со нашта партнерска мрежа, наша цел е да поддржиме иницијативи кои имаат позитивно влијание врз заедницата. Се надеваме дека оваа донација ќе придонесе за подобрување на условите во ЦЕДУЗ“, изјавија од Сетек.
Сетек ќе продолжи да ја промовира својата стратегија за општествена одговорност преку поддршка на проекти и иницијативи кои имаат значење за заедницата.