Ештон Кучер ја уништи, го молеше за пари: Како Деми Мур се врати на нозе, по скандалозниот брак?
- Детали
- недела, 12 јануари 2025
По 45-години во филмската индустрија, Деми Мур конечно доби Златен глобус. Во меѓувреме поранешниот сопруг Ештон Кучер кој ѝ го направи животот пекол се крие од јавност и нема ангажмани. Детали за подемот на Деми Мур, но и падот на Ештон Кучер.
Деми Мур е една од најпознатите холивудски актерки, но ѝ требаа четири децении за да освои Златен глобус – една од најпрестижните филмски награди.
Во емотивниот говор што го одржа кога ја прими наградата, Деми истакна дека на почетокот на кариерата ѝ било тешко да се пробие, особено откако филмски продуцент ѝ рекол дека нема да стигне далеку.
„Со години верував дека тоа е тоа. Дека можеби ми дојде крајот“.
Сепак, откако го добила сценариото за филмот The Substance кој ѝ ја донесе наградата, сфатила дека е време за пресврт во нејзината кариера.
„Како универзумот да ми кажа дека за мене уште не е завршено“.
За време на бурниот брак со Ештон Кучер и по разводот, како и дијагнозата на поранешниот сопруг Брус Вилис, Деми Мур како да го допре дното.
Но, сега повторно застана на нозе, додека Ештон Кучер е тој кој се соочува со контроверзии и проблеми.
Падот и подемот на Деми Мур низ годините:
Нејзината кариера пропаѓаше, додека Ештон уживаше во слава
Пред да ја почне врската со Ештон, Деми Мур се појави во бројни култни филмови како Ghost, Indecent Proposal и Striptease.
Но од 2003-та, кога почна да се гледа со Ештон, направи тригодишна пауза.
Тие се венчаа во 2005-та, а следната година реши да ѝ се врати на индустријата со улога во филм кој доби лоши критики.
Тогаш филмските критичари пишуваа дека е најдобро Деми да се откаже од актерската кариера.
Во меѓувреме, Ештон уживаше во славата од серијата That 70's Show, се појави во доста успешниот The Butterfly Effect и почна да снима по два филма годишно.
И, со тоа стана еден од најуспешните и најплатените актери во Холивуд.
И покрај ова, Деми тврдеше дека биле „еднакви партнери“.
Разводот ја уништи
Во 2011 година, се дозна дека Ештон ја изневерил Деми, а два месеца подоцна, тие открија дека се разведуваат.
„Како жена, мајка и сопруга, има одредени вредности и заклетви кои за мене се свети.
Па, затоа одлучив да продолжам понатаму (без Ештон)“, изјави тогаш актерката.
Но, проблемите за Деми не завршиле овде – по разводот таа морала да бара финансиска поддршка од Ештон бидејќи не заработувала скоро ништо.
А, не можела да ги покрие ни трошоците за разводот.
Сепак, на почетокот Ештон не сакал да ѝ плаќа, без разлика што во голема мера, неговата популарност се должи на фактот што ѝ беше сопруг.
„Ештон заработуваше многу пари откако се венча со Деми – многу повеќе од неа.
Но, и покрај тоа што се прослави благодарение на неа, сметаше дека не ѝ должи ништо“.
Тие го финализираа разводот во 2013-та, и на крај се согласиле никој никому да не плаќа алиментација.
Односно, Ештон не ѝ платил ни цент на Деми.
Во 2019-та, пак, Деми откри дека Ештон ја терал да имаат секс во тројка бидејќи сакал да спие и со други жени.
На овој начин сметал дека не е неверство.
Деми откри и дека целиот брак за неа бил вистинска тортура.
„Одеше во крајности за да ме претвори во жена каква што тој сакаше. Во меѓувреме, јас секогаш го ставав на прво место“.