Совети за справување со неисполнети кредитни обврски
- Детали
- понеделник, 30 декември 2024
Навременото плаќање е клучно кога се зема кредит. Сепак, понекогаш се случуваат некои неочекувани ситуации кои можат да предизвикаат пропуштање на рокот за плаќање или да ја влошат финансиска состојба и способност за исполнување на обврските.
Еве неколку совети како да се справите со овие предизвици:
1. Намалете ги трошоците.
Кога се соочувате со финансиски потешкотии, првиот чекор е да ги намалите непотребните трошоци. Тоа може да се постигне со избегнување на забава, купување нова облека, патувања и слично. Разгледајте и алтернативи за поевтини прехранбени производи или јавен превоз за да ги намалите трошоците за основните потреби.
2. Разговарајте со вашата финансиска институција.
Ако влезете во финансиски тешкотии, важно е да комуницирате со компанијата према која имате финансиска обврска. Само навремената и искрена комуникација може да ве заштити од казни за задоцнето плаќање и да ги подобри шансите за постигнување договор со кредитната компанија .
3. Правете плаќања кога можете.
Иако кредиторите можеби нема да се согласат на нов договор, продолжете со правење плаќања, дури и ако тие се мали. Ова ќе помогне да се намалат казните за задоцнето плаќање и ќе спречи влошување на вашата ситуација.
4. Започнете со заштеда уште денес.
Добро е да имате средства на страна за неочекувани ситуации. Ако успеете да заштедите малку пари, тоа ќе ви овозможи да ги покриете неочекуваните трошоци без потреба од нов кредит. Почнете со создавање на заштеди, дури и ако станува збор за мал износ.
Што да не правите:
- Не игнорирајте ги проблемите.
- Не позајмувајте нов кредит за да ги покриете старите обврски.
- Не избегнувајте да комуницирате со вашите кредитори.
Проценете ја Вашата финансиска состојба за само 5 минути овде - smart.eleving.com/mk