Како да се негува кожата за да се има совршен изглед за Новата година?
- Детали
- петок, 20 декември 2024
Подготовката на кожата е клучна за постигнување беспрекорна шминка, особено за специјални прилики како што е новогодишната ноќ. Професионалните шминкери и козметичари често нагласуваат дека за основа за долготрајна и убава шминка е основно да се има здрава и добро негувана кожа.
Првиот чекор во подготовката е темелно чистење на лицето. Со ова се отстрануваат нечистотии, вишок масло и се овозможува рамномерно нанесување на шминката. Хидратација на кожата е можеби најклучниот елемент. Кремите со хијалуронска киселина како што е Eucerin Hyaluron-Filler Day SPF 30 дневната крема обезбедува длабинска хидратација и прави кожата да биде пополна и помазна.
Хијалуронската киселина природно се наоѓа во кожата и има способност да задржи голема количина вода, што резултира со свеж и младешки изглед. Покрај хидратацијата, дерматолозите пак препорачуваат и користење серуми што содржат антиоксиданти. Овие состојки ја штитат кожата од слободни радикали и го подобруваат нејзиниот тонус. Нанесувањето на вакви серуми пред хидратантната крема може да ја зголеми ефикасноста на негата. Редовната ексфолијација исто така помага во отстранувањето на мртвите клетки и враќање на сјајот.
Никогаш не треба да се заборава и на заштитата од сонце. Дури и во зимските месеци УВ зраците можат да предизвикаат оштетувања. Користењето на дневни креми со СПФ фактор е од огромно значење. За да остане кожата здрава особено е важно кога планирате да бидете изложени на сонце задолжително да се користи производ што во себе содржи ваква заштита.
Шминкерите советуваат и да се избегнуваат нови производи непосредно пред важни настани. Тестирањето на нови креми или серуми може да предизвика неочекувани реакции. Треба да се држиме до нашата рутина и да се користат производи што се благопријатни и добро познати за нашата кожа.
Со правилна подготовка кожата може да биде совршена подлога за шминка што ќе трае цела вечер. Негуваната кожа не само што изгледа убаво туку и ја зголемува самодовербата и овозможува секој да заблеска и оваа новогодишна ноќ.