Прво место за Јосиф Малински и второ за Марио Брезовски на Балканското триатлон првенство во кадетска категорија

8 октомври, Скопје: Македонскиот триатлон доживеа голем успех на Балканското триатлон првенство во кадетска категорија, што викендов се одржа во Изворани, Романија.

prvo-mesto-za-josif-malinski-i-vtoro-za-mario-brezovski-na-balkanskoto-triatlon-prvenstvo-vo-kadetska-kategorija-01.jpg

Јосиф Малински (15) освои прво место во балканска конкуренција и второ во апсолутна, а Марио Брезовски (14) беше втор во балканска конкуренција и трет во апсолутна. И двајцата се членови на скопскиот ТК „Триоги рејсинг“.

prvo-mesto-za-josif-malinski-i-vtoro-za-mario-brezovski-na-balkanskoto-triatlon-prvenstvo-vo-kadetska-kategorija-04.jpg

Од Триатлон федерацијата на Северна Македонија им честитаат за успехот и им посакуваат уште многу успеси и мотивација за понатамошната работа и вложување. 

- Ова е голем успех за нашите триатлонци. Работиме напорно, се трудиме да го донесеме триатлонот рамо до рамо барем со балканските земји, гледајќи перспективно и подалеку. Патот не е едноставен, ресурсите се многу ограничени, но ентузијазмот е тој што не држи на оваа патека. Имаме генерации младинци што можат многу да постигнат, ние, а и државата треба да им помогнеме да го остварат тоа – вели Данчо Ѓорѓијевски, селектор на триатлон репрезентацијата и основач на клубот „Триоги рејсинг“.  

prvo-mesto-za-josif-malinski-i-vtoro-za-mario-brezovski-na-balkanskoto-triatlon-prvenstvo-vo-kadetska-kategorija-05.jpg

Македонската репрезентација на Балканското првенство успешно ја претставија и:

Бобан Јаневски, Филип Здравев, Варвара Атанасовска (Триоги рејсинг - Скопје) Матео Мачоски и Тија Кукунешоска (3Disciplines од Струга) и Стефан Делев (ТК „Софка“).

prvo-mesto-za-josif-malinski-i-vtoro-za-mario-brezovski-na-balkanskoto-triatlon-prvenstvo-vo-kadetska-kategorija-02.jpg

prvo-mesto-za-josif-malinski-i-vtoro-za-mario-brezovski-na-balkanskoto-triatlon-prvenstvo-vo-kadetska-kategorija-03.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg