25 години секогаш повеќе - Sara Fashion ќе го одбележи јубилејниот роденден во „Дајмонд мол“
- Детали
- четврток, 04 април 2024
Оваа година, добро познатата македонска компанија Sara Fashion, прославува 25 години постоење. Под мотото „25 нијанси розово“ ќе се одбележи јубилејниот роденден, на 6 април, во „Дајмонд мол“, од 19 часот.
Sara Fashion веќе 25 години расте, се менува и поставува нови трендови. Со широка палета на производи и посветеност во квалитет на изработка, Sara Fashion важи за еден од најпознатите брендови во земјата.
Од многуте кампањи и фотосесии, до проширување на брендот со Sara Fashion Home, каде што можете да ги најдете сите потребни работи за вашиот дом и стилски да го уредите, Sara Fashion неуморно се докажува.
Денес, Sara Fashion има повеќе од 300 вработени, вкупно 79 продажни објекти и 3 големопродажни објекти во земјава и во Србија.
Компанијата има задоволни и лојални купувачи во двете земји, кои лесно се поврзуваат со идејата за брендот и му веруваат.
Работата и посветеноста на Sara Fashion беа препознаени и од Warner Bros. Така, Sara Fashion станува првата компанија на Балканот која добива лиценца и ги носи омилените цртани херои на своите производи, а со тоа носи и доза разиграност во линијата производи.
Покрај својот сопствен бренд, Sara Fashion се ексклузивни застапници на познати брендови како: Penti, Nbb, Pompea, Donella, Milano...
Изминативе години компанијата бележи многу успеси меѓу кои и лансирање на нова, модерна веб-страница, многубројни кампањи за различни производи (пижами, чорапи, долна облека, костими за капење, Warner Bros. колекции), а како една од повпечатливите е фотосесијата со познати модели костими за капење Sara Fashion која беше направена во Дубаи.
За овие 25 години Sara Fashion креира свој личен индентитет, естетика, ја менува динамиката на пазарот и постојано реализира нови идеи.
Сето ова и многу повеќе е причина да се прослави јубилејот како што му доликува на еден реномиран бренд.
Под мотото „25 нијанси розово“ ќе се одблежи јубилејниот роденден, на 6 април, во „Дајмонд мол“, приземје, од 19 часот.
Настанот ќе започне со впечатлива модна ревија, на која присутните ќе имаат можност да уживаат во моделите од различни колекции на Sara Fashion и да погледнат што сè нуди овој бренд.
По ревијата ќе има и коктел-забава со бендот Blackberries од Србија.
Sara Fashion ги поканува клиентите и соработниците да се придружат на вечерта на модната ревија и да го прослават успешниот 25-годишен јубилеј, заедно сведочејќи на уште еден важен момент во историјата на постоење на брендот.
Секогаш повеќе!
Настанот е дел од манифестацијата Fashion Festival.