Семос Едукација трета година по ред на 31 март на Средно Водно ја организира трката Semos Education Run 10KM

И годинава, на 31 март, трета година по ред, на Средно Водно ќе се одржи трката Semos Education Run чиј главен покровител е Семос Едукација најголемиот IT тренинг центар во Македонија и регионот, како дел од општествено одговорните активности на компанијата и оваа година истата покажува инцијатива за продуктивен живот и здрави навики.

semos-edukacija-treta-godina-po-red-na-31-mart-na-sredno-vodno-ja-organizira-trkata-semos-education-run-10km-01.jpg

Љубителите на спортот ќе имаат прилика да трчаат од Средно Водно, па се до манастирот "Свети Пантелејмон" и назад, со вкупна должина од 6 милји, односно околу 9,6 км. Исто така ќе се трча штафета со тимовите од по двајца учесници, ќе трчаат по истата патека каде што секој ќе треба да истрча по 5км.

Атлетски клуб Фортиус и оваа година се во улога на максимална техничка организација. За забавната атмосфера ќе се погрижи DJ Баже Antenna 5 а настанот ќе го води Марко Новевски.

За сите учесници Семос Едукација ќе обезбеди вредносни ваучери за кратки обуки за возрасни и деца, а за победниците вредносни ваучери за Семос Академии.

Последен ден за пријавување 25.03.2024 до полноќ на следниот линк.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg