Европскиот кампус на Универзитетот Јорк СИТИ Колеџ има 1500 дипломци во Македонија

Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ одржа средба на дипломци во Скопје со која уште еднаш покажа дека е најголемата заедница на дипломци од странска високообразовна институција во земјава. На средбата на која освен дипломците, беа присутни и претставници на академскиот кадар од СИТИ Колеџ, беше потенцирано значењето на институцијата во обезбедување квалитетна образовната опција за севкупен развој на општеството.

evropskiot-kampus-na-univerzitetot-jork-siti-koledzh-ima-1500-diplomci-vo-makedonija-01.jpg

СИТИ Колеџ 35 години ги поддржува младите студенти и менаџери од Северна Македонија преку можности за стипендирање за додипломски и постдипломски студии на оваа престижна високообразовна институција, беше истакнато на средбата.

„Додека ја прославуваме нашата 35-годишнина, се радуваме на иднината со оптимизам и амбиција. Се стремиме да бидеме водечка институција во регионот и пошироко, обезбедувајќи извонредност во образованието, истражувањето и иновациите. Наша цел е да ги поттикнеме нашите студенти да станат глобални граѓани и лидери кои можат да се справат со предизвиците и можностите на 21 век.

Создаваме трајно наследство и влијание што ќе им користи на генерациите што доаѓаат. За да се постигне оваа визија и цел, потребна ни е континуирана поддршка и партнерство меѓу нашите студенти и дипломци.

Ги охрабруваме да се поврзат со своите колеги дипломци, да разменуваат искуства, да соработуваат на проекти и да ги слават нивните успеси. Затоа што тие не се само наше минато, туку и наша сегашност и наша иднина“, рече д-р Мегаклис Петмезас, заменик директор на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ.

evropskiot-kampus-na-univerzitetot-jork-siti-koledzh-ima-1500-diplomci-vo-makedonija-08.jpg

Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ, како интегриран ентитет на Универзитетот Јорк, претставува уникатна меѓународна институција која ги поврзува академските, истражувачките, националните и корпоративни мрежи низ целиот регион. Во Македонија има приближно 1500 дипломци до сега со што се сочинува најголемата заедница на дипломци од странска високообразовна институција во земјава.

evropskiot-kampus-na-univerzitetot-jork-siti-koledzh-ima-1500-diplomci-vo-makedonija-02.jpg

„СИТИ Колеџ го издвојува вредносното наследство што го создаваме изминативе 35 години и општествената улога што ја имаме преку овозможување квалитетно високо образование. Како единствена образовна институција веќе 20 години ја спроведуваме стипендиската програма за ЕМБА студии во соработка со државата, Борис Трајковски, програма што дава можности секоја година нашите млади кадри да се изградат во професионалци од меѓународни размери и што ја зајакнува билатералната соработка меѓу нашата земја и Република Грција.

Во 2021 година официјално станавме Европски кампус на Универзитетот Јорк и остваривме соработка за дуални програми со Универзитетот од Стразбур. Со сите овие години создавање високопрофилирани и едуцирани индивидуалци, ја даваме нашата поддршка за развојот на општеството во кое живееме, економски и културен“, истакна Марија Никовска, директор на канцеларијата во Скопје.

evropskiot-kampus-na-univerzitetot-jork-siti-koledzh-ima-1500-diplomci-vo-makedonija-07.jpg

СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк е лоциран во Солун, Грција, со академска мрежа воспоставена и распространета во уште 8 земји. Моментално има активни студенти од 60 држави и спроведува 38 различни програми. Станувајќи дел од Универзитетот Јорк добива статус на меѓународен кампус на овој универзитет и станува дел од заедницата на Универзитетот Јорк, водечката британска академска институција.

evropskiot-kampus-na-univerzitetot-jork-siti-koledzh-ima-1500-diplomci-vo-makedonija-03.jpg

Денес, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ ги проширува можностите за студентска мобилност и за интернационализација и обезбедува можности за применето учење, со што целосно го менува студентското искуство нудејќи содржини кои го збогатуваат секој аспект од академскиот живот.

evropskiot-kampus-na-univerzitetot-jork-siti-koledzh-ima-1500-diplomci-vo-makedonija-04.jpg

evropskiot-kampus-na-univerzitetot-jork-siti-koledzh-ima-1500-diplomci-vo-makedonija-05.jpg

evropskiot-kampus-na-univerzitetot-jork-siti-koledzh-ima-1500-diplomci-vo-makedonija-06.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg