Што ги поттикна Миа Костова и д-р Ненад Лазаров да се блокираат на Фејсбук?
- Детали
- среда, 06 март 2024
Успешни луѓе во различни професии на тема успех кај Снеже Велков во „Нешто конкретно“. Традиционалниот начин на стекнување успех е малку изменет со текот на времето, бројките повторно ја оценуваат успешноста, но сега не само на дипломата туку и на следачите.
Одговори за тоа кога било потешко да се успее бараме од Гордан Калајџиев, д-р Ненад Лазаров, Миа Костова и Стефан Лазаров.
Лазаров уште на почетокот се изјасни дека во животот не му било баш лесно, но токму затоа повеќе го цени тешкиот пат до успехот за кој сам се изборил.
Во емисијата имаме двајца роднини и двајца блокирани.
Во двата случаи е поврзан гинекологот, акушер Ненад Лазаров кој е роднина очигледно со Стефан, а е блокиран со Миа Костова заради различни мислење на тема ковид, во студиото тие одговорија дека го надминале тоа, но дали Ненад ја одблокирал Миа ќе треба допрва да провериме.
Водителката и инфлуенсерка Миа исто така не се пофали со лесен пат до она што го има постигнато денес, а меѓу другото тоа е инстаграм профил, кој, според статистиките, е на исто ниво со еден солиден македонски портал.
Докторите бројките ги гледаат на сосема друг начин.
Тој се пошегува дека бројката на инспекции што му стигнале на работното место е доста голема затоа што е гласен на Фејсбук и не се плаши да го каже своето мислење.
Онаа другата поубава статистика во бројки за родени бебиња кај него е над 200.
Професорот Калајџиев успехот го гледа во создавањето на своето семејство пред се. За него бројката три деца е особено важна, бројката на плочите во колекцијата, а професионално е горд е со околу 200 пишани трудови.
Но, тој смета дека за жал вистинските дела не се ценат толку многу како што внимание привлекува некаква преписка на телевизија или на социјален медиум по која повеќе ќе ве запаметат или запознаат.
И Стефан не се жали од своите бројки, имено, тој се гордее со своите над 100.000 сабскрајкбери на Јутјуб. Тој е горд што младите луѓе гледаат мотив во него или инспирација да го следат неговиот пат, а тоа е токму неговата мисија.
Гледајте „Нешто конкретно“ секоја недела во 17.00 часот на Телма.