Нови интегрални лебови на Жито Лукс произведени од 100% цело зрно

novi-integralni-lebovi-na-zito-luks-proizvedeni-od-100-procenti-celo-zrno-01.jpg

Најголемиот производител на леб во земјава, Жито Лукс, ја прошири својата палета на производи, со лансирање на новите интегрални лебови произведени од 100% цело зрно. На лансирањето претходеше обемно истражување на пазарот, инвестиции во насока на подобрување и модернизација на производствената линија, како и голем труд од страна на целиот тим.

„Овие лебови претставуваат вистинско богатство од хранливи материи, витамини, минерали, диететски влакна и здрави јагленохидрати неопходни за добар метаболизам и топ форма. Им се препорачуваат на луѓето со активен животен стил, спортисти и адолесценти како дополнителен извор на енергија, а поради нискиот процент на масти помагаат во одржување на витката линија. Консумирањето леб од интегрално брашно од цели зрна нуди и бројни здравствени придобивки поради значајната содржина на растителни влакна. Покрај високата нутритивна вредност овие лебови се меки, вкусни и можат лесно да се комбинираат со секој оброк, а долготрајната свежина се постигнува со процесот на пастеризација без додавање на конзерванси. Кафеавата боја потекнува од обвивката на пченичното и јачменовото зрно без додаток на вештачки бои“, соопштуваат од „Жито Лукс“.

novi-integralni-lebovi-na-zito-luks-proizvedeni-od-100-procenti-celo-zrno-03.jpg

Интегралниот леб - 100% цело зрно со рж претставува комбинација на интегрално пченично и ’ржано брашно и е богат извор на диететски влакна и вистински избор за здрава и урамнотежена исхрана. Дополнително збогатен со пченични никулци претставува природен извор на витамин Е и придонесува за зајакнување на имунолошкиот систем. Посипот од овесни снегулки ја зголемува неговата хранливост и го збогатува вкусот, поради што влијае позитивно на метаболизмот. 

novi-integralni-lebovi-na-zito-luks-proizvedeni-od-100-procenti-celo-zrno-04.jpg

Интегралниот леб - 100% цело зрно со семиња е идеална комбинација од интегрално пченично и ’ржано брашно со додаток на семиња од сончоглед, тиква и пченични никулци. Внимателно избраните состојки и додадените семиња претставуваат природен извор на витамин Е, Омега-3 масни киселини, протеини, витамини и минерали кои даваат енергија, чувство на ситост и се одлични сојузници на силниот имунитет.

novi-integralni-lebovi-na-zito-luks-proizvedeni-od-100-procenti-celo-zrno-02.jpg

Состојките на интегралните лебови произведени од 100% цело зрно, како и додадените пченични никулци даваат поддршка за нормално и правилно функционирање на организмот во текот на целиот ден. Кафеавата боја што ја имаат овие лебови потекнува од присуството на трици (богати со танини, антиоксиданси, минерали, витамини и растителни влакна), ендосперм и никулци што природно ги содржи целото зрно. За време на печењето на лебот настанува хемиска реакција меѓу аминокиселините (протеини) и јаглехидратите кои образуваат кафеава боја.

Покрај високата нутритивна вредност овие лебови се меки, вкусни и можат лесно да се комбинираат со секој оброк, а долготрајната свежина се постигнува со процесот на пастеризација без додавање на конзерванси.

novi-integralni-lebovi-na-zito-luks-proizvedeni-od-100-procenti-celo-zrno-05.jpg

Жито Лукс, следејќи ги најновите светски трендови, со оваа иновација на пазарот понуди интегрални лебови наменети за целата популација, а посебно за потрошувачите кои посветуваат внимание на консумирање здрава храна и градење здрави животни навики.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg