Наскоро се отвора долгоочекуваниот „Охрид Мол“: градот со нов ултрамодерен шопинг центар и брендови за првпат присутни во регионот
- Детали
- среда, 14 јуни 2023
По преземањето на „Охрид Мол“ од страна на новиот сопственик FORTON, нашиот туристички бисер Охрид и регионот за прв пат ќе добијат современ шопинг центар.
Според наши информации наскоро се планира отворањето на овој значаен проект за градот. Во моментот интензивно и со полна пареа се работи на уредување на внатрешноста на објектот, за што се ангажирани голем број на екипи.
Покрај активностите на терен, паралелно се преговара и со потенцијалните закупци и брендови кои во добар дел ќе бидат интернационални и за првпат пристутни во Oхридскиот Регион.
Лоциран на одлична позиција и доста фреквентна локација во непосредна близина на автобуската станица, „Охрид Мол“ ќе располага со површина од 17.000 м2.
Засега имињата на потенцијалните закупци не се откриваат, но според наши информации охриѓани и сите посетители на градот за првпат ќе имаат можност да уживаат во единствено шопинг искуство - и тоа не само за време на летната сезона во која градот има огромна посетеност, туку и преку целата година, со обезбедени услови за комфорно и пријатно искуство.
Трговскиот центар ќе има хипермаркет, игротека за деца, како и бројни продавници за облека.