Атлантик Група стратешки вложува во иднината на дистрибуцијата - во Скопје е отворен најсовремено опремен складишно-дистрибутивен центар

Атлантик Група вчера и официјално го отвори новиот, современо опремен дистрибутивен центар во Скопје, кој обезбедува соодветна логистичка поддршка за долгорочен развој на дистрибутивната дејност. Инвестицијата во изградба и опремување вредна околу 12 милиони евра е реализирана во соработка со партнерската компанија Вичишки, во период од 18 месеци. Она што го прави проектот особено интересен се неговите амбиции на полето на дигитализацијата на магацинското работење, така што новиот логистичко дистрибутивен центар е вистински полигон за тестирање на новите технологии кои се веќе инсталирани или се во процес на имплементација.

atlantik-grupa-strateshki-vlozhuva-vo-idninata-na-distribucijata-vo-skopje-e-otvoren-najsovremeno-opremen-skladishno-distributiven-centar-01.jpg

Новоизградениот објект ги обединува вкупните складишни капацитети на Атлантик Група на подрачјето на Скопје и е централен логистички центар за македонскиот пазар. Оптималната географска локација, земајќи ги предвид сите значајни елементи  за обезбедување на деловната исплатливост на проектот (транспортни растојанија, трошоци и сл.), беше пронајдена во многу пропулзивната индустриска зона на населбата Илинден во околината на Скопје.

Во првата фаза е обезбеден капацитет за складирање од 10.000 палетни места, а модерниот високо-регален објект има можност за дополнително модуларно проширување во согласност со деловните потреби, што обезбедува долгорочна одржливост и поддршка за понатамошен развој на дистрибутивниот бизнис.

atlantik-grupa-strateshki-vlozhuva-vo-idninata-na-distribucijata-vo-skopje-e-otvoren-najsovremeno-opremen-skladishno-distributiven-centar-02.jpg

Развојот на дистрибутивниот бизнис е еден од столбовите на стратегијата за раст и развој на Атлантик Група, компанија која потрошувачот го става во фокусот на своето работење, а поддржан преку имплементација на современи дигитални решенија.

Така на пример, на новата локација, современи софтверски решенија ќе управуваат со влезот на производи и возила, оптимално организирајќи ги производите во магацинот преку „виртуелизација“, која создава логично одвоени простори за складирање во еден физички простор и испорака на производите до клиентите, преку целосно дигитализиран канал за дистрибуција без употреба на хартија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg