Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото активирање
Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло... Што сè видовме со помош на вселенскиот телескоп Џејмс Веб една година од неговото активирање?
Вселенскиот телескоп Џејмс Веб беше лансиран на 25-ти декември 2021 година. Неколку месеци патуваше до својата дестинација, а во јули 2022-ра ја испрати првата фотка.
Со помош на телескопот, научниците гледаат во минатото и пробуваат да откријат повеќе за настанувањето на небесните тела, но и настанокот на самиот универзум.
Покрај ова, телескопот Џејмс Веб ни овозможува да ја видиме вселената како никогаш претходно и дефинитивно ни ја разгорува љубопитноста за нашиот универзум.
Со помош на Џејмс Веб, научниците направија фотографии од маглини, галаксии и небесни тела кои не сме ги виделе досега, но и фотографии кои ги прикажуваат планетите од Сончевиот Систем во ново светло.
Прочитајте и: Телескопот Џејмс Веб ќе може да го види настанокот на првите ѕвезди во универзумот - што знаеме за него?
Дел од најубавите фотки направени со Џејмс Веб во изминативе 12 месеци:
Прстените на Нептун
Фотографијата од Нептун беше споделена во септември 2022-ра.
Експертите немаат направено толку јасна фотографија од прстените на планетата уште од 1989 година, кога леталото Voyager 2 помина покрај неа.
Покрај прстените, на фотографијата се гледаат и дел од месечините на Нептун. Најсилно блеска месечината Тритон која е прекриена со мраз и рефлектира околу 70% од сончевата светлина.
Маглината Тарантула
Уште една фотографија од септември 2022 година.
Дијаметарот на маглината Тарантула изнесува 340 светлосни години, а ова е најчистата фотографија од неа.
Галаксијата Фантом
Фантом, позната и како М74 е спирална галаксија која се наоѓа на 32 милиони светлосни години од Земјата.
Галаксијата е нарекувана Фантом поради малото количество светлина што го емитува.
Јупитер со прстените
Инфрацрвената камера на Џејмс Веб направи надреална фотографија од Јупитер на која се гледаат бледите прстени на планетата, но и поларната светлина на половите.
На фотографијата се забележуваат и месечините на Јупитер.
Инфрацрвената светлина е невидлива за човечкото око, па светлината на фотографијата е мапирана во видливиот спектар за да можеме да ја видиме.
Поларната светлина на Јупитер
Уште една фотка од Јупитер на која подобро се гледа поларната светлина.
И оваа фотографија е направена со инфрацрвената камера на Џејмс Веб.