Во организација на концертната агенција и продукција „3Гонга“, утревечер, со почеток во 22 часот во ноќниот клуб „Станица 26“ ќе настапи миленикот на скопската публика Рамбо Амадеус, а уште поинтересно е што музичарот доаѓа со својот секстет – Саша Ранковиќ на тапани, Мирослав Товирац на бас, Војно Диздар на клавијатури, Александар Петковиќ на саксофон и Милош Николиќ на труба, обединети под името „Rambo Amadeus & Five Winnetous“...