Како помина третото издание на Fashion & Lifestyle Expo?
- Детали
- вторник, 03 април 2018
На 22ри и 23и март, во фоајето на Македонската опера и балет по трет пат, на едно место се обединија брендовите и компаниите чија заедничка цел е да го збогатат и подобрат животниот стил, нудејќи современ дизајн, врвен квалитет и иновативни решенија од областа на мебелот, дизајнот на ентериер, модата и модните додатоци, кафето и исклучителните пијалоци.
Програмата и оваа година беше разноврсна и распределена на неколку сцени. Во EXPO делот посетителите имаа можност да погледнат и дознаат што е најново од она што го нудат lifestyle брендовите во Македонија.
Интерактивните сцени – MAIN STAGE и CREATIVE HALL понудија бројни едукативни и креативни презентации и работилници, кои го привлекоа вниманието на оние кое се во постојана потрага по нови инфомации, искуства и знаења.
BEAUTY BAR-от и оваа година беше катчето каде дамите се разубавуваа со бесплатна шминка и фризура од професионални стилисти, Галеријата и оваа година ја воодушеви публиката со групната поставката составена од моден дизајн, фотографии и уметнички дела од млади и перспективни креативци.
MIXOLOGY работилницата за коктели со Skopje Cocktail Week, make up туторијалот во живо на Васе Доковски, панел дискусијата за модните трендови во Македонија со Stylist.mk, одличното HAIR SHOW на Фризерска Секција Скопје, музичко танцовиот настап Arte D’Italia на Rivedil и модните ревии на младата дизајнерка JO.AN и дизајнерката ALSHAR, се само дел од настапите по кои ќе го паметиме ова издание.
FL Expo, под мотото #TER ја навести пролетта преку креативните индустрии, модата, најновите трендови, одличните коктели, уште попрекрасните посетители и урбаните звуци на Dj Boogieman и Dj Zoki Bejbe.
Каква навистина беше атмосферата на третото издание на Fashion & Lifestyle Expo, најдобро ќе ви доловат фотографиите.
Веруваме дека ова пролетно прочистување на креативните жаришта ќе ве инспирира за нови, креативни и позитивни промени, кои ќе траат и до следното издание на Fashion & Lifestyle Expo.