Кабадајас го промовираа својот нов албум „Од понеделник“

Во пријателска атмосфера се одржа конференцијата за печат по повод новиот албум на музичкиот бенд „Кабадајас“ (Kabadayas) со наслов „Од понеделник“ на која покрај новинари присуствуваа и многу музичари, пријатели на членовите од групата. Албумот го издаде концертната агенција и продукција 3Гонга, а концертна промоција на албумот е закажана за 2 мај, со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб Станица 26.

kabadajas-go-promovira-svojot-nov-album-od-ponedelnik-01.jpg

Кабадајас, претставува трио од музичари со голем професионален багаж зад себе, Џоле Максимовски на бас гитара, Дино Милосављевиќ на тапани и перкусии и Зоран Костадиновски на гитара. Специјални гости на албумот се вокалистките Марија Димитријевиќ и Светлана Јовановска Трајкоска и Павле Васиљевиќ на клавијатури.

Создадовме модерна инструментално вокална музика, џези амбиент со скопски, а сепак, светски шмек. На овој албум композитори сме Зоран и јас, но и Дино кој ритмички ги оплеменува нумерите. За аранжманите сме задолжени сите. На албумов има две вокални песни. Едната од нив е со текст, песната „Летаме“ која јас ја напишав. Бендот постои од 2011та година. Дино и јас решивме да правиме наш проект. Во исто време соработувавме со Горан Бојчевски. Со него веднаш излегоа убави теми и идеи. Зоран Костадиновски кого го знаевме како малку помлад гитарист тогаш, влета во приказната како да сме свиреле отсекогаш заедно. Сите функционираме како композитори и аранжери во музиката што ја создаваме“ вели Максимовски.

kabadajas-go-promovira-svojot-nov-album-od-ponedelnik-02.jpg

„Од понеделник“ е нивен втор албум. Првиот албум се вика IV, издаден е 2012 година од БАГИ Комуникации. Новиот албум е снимен во Тра Ла Ла кај Мите Димовски, Вода Медиа – Павле Васиљевиќ и Алшар студио – Ивица Јанкуловски.

Едвај чекаме да свириме на 2 мај во Станица 26, како промо за нашето второ издание. Очекуваме убава атмосфера, добар звук, фино расположение... Гости на концертот ќе бидат Марија Димитријевиќ, вокал, Светлана Јовановска Трајкоска вокал, Ратко Даутовски перкусии и Трајче Велков на труба. Дино и јас свириме заедно од 1995 година. Во Сет, Мозаик, Беневентан Трио, Алшар. Со Влатко Стефановски Трио веќе 18 години патуваме по светот и снимаме албуми... Заедно со Триото имаме настапувано со имиња како Стефан Миленковиќ, Теодосиј Спасов, Јан Аккерман... Дино свиреше со Анастасија, Кирил Џајковски и со многу други артисти од поп, рок светот. Јас долго време свирев со Архангел, Гаро и Парамециум, Мугер Фугер. Моментално сум дел од Темпера, како басисит и композитор. Зоран Костадиновски е професор на музичка академија. Инаку работи активно на сите проекти на оркестарот на Здружението на Џез Музичари. Го знаеме како гитарист на нашата поп дива Каролина Гочева... Активен е и како студиски музичар. Така што искуството кое го имаме зад себе ни даде ветар во грб за конечно да направиме и наш заедички проект“ вели Максимовски.

kabadajas-go-promovira-svojot-nov-album-od-ponedelnik-03.jpg

kabadajas-go-promovira-svojot-nov-album-od-ponedelnik-04.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg