Настани и фестивали кои ќе се одржуваат до крајот на јули во Нови Сад и околината (и вреди да ги посетите)

Базари, претстави, саеми, фестивали на храна, вино и пиво, кубанска и домашна музика, детски игри, маратони, велосипедски трки, како и легендарниот EXIT фестивал – во Нови Сад сезоната пролет-лето 2022 ќе биде исполнета со околу 1.500 настани, за кои вреди да одвоите време и да создадете незаборавни спомени.

nastani-i-festivali-koi-kje-se-odrzhuvaat-do-krajot-na-juli-vo-novi-sad-i-okolinata-i-vredi-da-gi-posetite-01.jpg

Нови Сад е културна престолнина на Европа за 2022, а како и секоја година, така и оваа, во текот на пролет/лето, традиционално се организира богата програма со настани и манифестации од секаков тип и фестивали кои не треба да се пропуштат.

Вториот по големина град во Србија, важи за еден од најубавите градови, кој изобилува со историски градби, архитектура, културни настани и прекрасна природа.

Оваа пролет-лето сезона вреди да се посети Нови Сад и околината, а со време организирајте го периодот во кој сакате да го направите тоа со цел да присуствувате на некој од настаните кои се случуваат таму.

Во продолжение издвојуваме неколку интересни манифестации кои го заслужуваат вашето внимание, а ќе се случуваат во периодот од мај до јули 2022:

Планинарски маратон на Фрушка гора (7-8 мај)

Еден од најстарите маратони од овој тип во Европа, кој се одржува повеќе од 4 децении, без прекин. Маратонот има 15 патеки со различна должина и различни висински разлики, а се наоѓаат во шумскиот појас на Фрушка гора, на само 10km од Нови Сад.

Повеќе информации за настанот погледнете ТУКА

nastani-i-festivali-koi-kje-se-odrzhuvaat-do-krajot-na-juli-vo-novi-sad-i-okolinata-i-vredi-da-gi-posetite-08.JPG

Изложба „Колекција на Јованка Броз“ (18 мај – 30 јуни)

Галеријата на Матица српска и Музејот Југославија, ја реализираат изложбата „Колекција на Јованка Броз“, а се состои од сликите кои првата дама на Југославија ги избрала како декор на животниот простор.

Изложбата го открива нејзиниот интимен свет и вкус, но и говори за времето и историските и уметнички состојби во социјалистичка Југославија.  

Повеќе информации за настанот погледнете ТУКА

nastani-i-festivali-koi-kje-se-odrzhuvaat-do-krajot-na-juli-vo-novi-sad-i-okolinata-i-vredi-da-gi-posetite-09.jpg

Tour de Fruška (20-22 мај)

Тридневна манифестација за љубителите на велосипедизам, рекреација, време поминато во природа и војводински гастрономски специјалитети, но и спортски дух и натпревар на професионални и рекреативни трки.

Повеќе информации за настанот погледнете ТУКА

nastani-i-festivali-koi-kje-se-odrzhuvaat-do-krajot-na-juli-vo-novi-sad-i-okolinata-i-vredi-da-gi-posetite-07.png

Меѓународен саем на земјоделство (21-27 мај)

Меѓународниот земјоделски саем е најголемото саемско случување во Србија и еден од најголемите во Европа во полето на земјоделството, а учествуваат најзначајните компании од областа.

Повеќе информации за настанот погледнете ТУКА

nastani-i-festivali-koi-kje-se-odrzhuvaat-do-krajot-na-juli-vo-novi-sad-i-okolinata-i-vredi-da-gi-posetite-06.jpg

Стеријин театар (26 мај – 3 јуни)

Станува збор за постојан фестивал на домашниот драмски текст, со натпреварувачки карактер, а основан е во 1956 година, како дел од прославата за 150-годишнина од смртта на големиот српски комедиограф Јован Поповиќ Стерија.

Повеќе информации за настанот погледнете ТУКА

nastani-i-festivali-koi-kje-se-odrzhuvaat-do-krajot-na-juli-vo-novi-sad-i-okolinata-i-vredi-da-gi-posetite-05.JPG

Уште 5 настани на следната страна...



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg