Настани и фестивали кои ќе се одржуваат до крајот на јули во Нови Сад и околината (и вреди да ги посетите)

Змејски детски игри (6-12 јуни)

Манифестација која опфаќа мултимедијални програми за деца и млади, во чии рамки се застапени сите видови уметнички творби за деца.   

Повеќе информации за настанот погледнете ТУКА

nastani-i-festivali-koi-kje-se-odrzhuvaat-do-krajot-na-juli-vo-novi-sad-i-okolinata-i-vredi-da-gi-posetite-04.JPG

Интерфест (16-18 јуни)

Станува збор за манифестација која ја промовира винската култура и винските производи на територијата на Србија и Војводина, како и Нови Сад.

Учествуваат преку 100 винарии од 10 земји, а покрај дегустација на вино, во рамките на Интерфест се одржуваат и стручни предавања за производство на вино.

Повеќе информации за настанот погледнете ТУКА

nastani-i-festivali-koi-kje-se-odrzhuvaat-do-krajot-na-juli-vo-novi-sad-i-okolinata-i-vredi-da-gi-posetite-03.JPG

Натпревар на домашни пивари (17-18 јуни)

Овој настан го популаризира развојот на домашните пивари по пат на натпревар во правење на најдобро домашно пиво.

Се натпреваруваат пивари кои во претходните месеци поминале низ обука за оваа работа и кои во домашни услови прават пиво со домашни состојки, а натпреварот е поделен во 4 категории.

За посетителите има и музичка програма и штандови за дегустација пиво и храна.

Повеќе информации за настанот погледнете ТУКА

nastani-i-festivali-koi-kje-se-odrzhuvaat-do-krajot-na-juli-vo-novi-sad-i-okolinata-i-vredi-da-gi-posetite-10.jpg

Саем на автомобилчиња (25 јуни)

Целта на овој настан е да се даде доза забава и радост кај помладата популација, како и афирмација на колекционерството и програмите кои се насочени кон едукација и безбедност во сообраќајот.

Манифестацијата е од саемски тип и ќе има изложбени штандови, полигон за возење автомобилчиња на далечинско управување, наградна игра и други интересни содржини.

Повеќе информации за настанот погледнете ТУКА

nastani-i-festivali-koi-kje-se-odrzhuvaat-do-krajot-na-juli-vo-novi-sad-i-okolinata-i-vredi-da-gi-posetite-11.jpg

EXIT фестивал (7-10 јули)

Повеќекратно наградуваниот интернационален музички фестивал се одржува секое лето во Нови Сад на Петроварадинската тврдина, каде настапуваат повеќе од 1.000 изведувачи на повеќе од 40 бини и фестивалски зони.

Важи за еден од најдобрите музички фестивали во Европа каде гостувале водечки светски имиња на музичката сцена и вреди да се доживее.

Повеќе информации за настанот погледнете ТУКА

nastani-i-festivali-koi-kje-se-odrzhuvaat-do-krajot-na-juli-vo-novi-sad-i-okolinata-i-vredi-da-gi-posetite-02.jpg

Целосната програма организирана од Туристичката организација на градот Нови Сад може да ја погледнете ТУКА.

Фото конкурс „Почувствувај го духот на Нови Сад“ (10 мај – 10 август)

Туристичката организација на Нови Сад и оваа година нуди можност да ги пренесете низ фотографија вашите емоции и впечатоци кои ги буди во вас прекрасниот српски град и неговата околина, со која може да учествувате во фото конкурс.

На конкурсот ќе бидат наградени најубавите пролетни и летни фотографии направени во Нови Сад и околината додека ги истражувате убавините кои ви ги нуди овој крај.

Повеќе детали за конкурсот и информации за наградите прочитајте ТУКА.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg