За концертот на Енрике Иглесијас карти од 1.500 денари!
- Детали
- петок, 15 април 2016
Како што веќе беше најавено, концертот на Enrique Iglesias што ќе се одржи на 20-ти јуни во СЦ „Борис Трајковски“ го има предзнакот Суперексклузивен затоа што станува збор за концерт со најмал капацитет од сите простори кои Enrique во последниве десетина години настапувал низ светот.
И покрај тоа, цените на влезниците кои се одредени се далеку поевтини од било кој концерт во земјите од Европа каде има арени со капацитет од 18.000 посетители.
Продажбата на влезници ќе почне од понеделник, точно во 09 часот на сите продажни места на Купи карти за се и Тикет Плус, како и онлајн, по следниве категории:
- GOLDEN PIT PARTER- 1.500 денари (поради бината која има испуст од 17 метри и гледачот ќе има ексклузивна можност да го гледа Enrique Iglesias од блиска позиција).
- ТРИБИНА (на седење, нумерирано) 1.990 денари
- GOLDEN SEATS TРИБИНА (на седење, нумерирано) 2.600 денари
- VIP 3.100 денари
Со оглед на малиот капацитет на салата, влезниците се без конкуренција најефтини од цела негова турнеја.
Првиот светски артист од А листата на изведувачи кој воопшто дошол во Македонија, доаѓа во рамките на светската турнеја „Sex and Love“ во која го промовира својот последен студиски албум. На македонската публика ќе и` се претстави со сите негови досегашни хитови, вклучувајќи ги последните и можеби најпопуларни „Bailando“, „El Perdon“, потоа, „Not in Love“, „Hero“. „Tonight“, „Bailamos“, „I like it“..., кои несомнено беа на челните позиции на разни топ листи во светот.
ВАЖНО: Втор концерт нема да има!