Енрике Иглесијас на 20-ти јуни во Скопје

Во рамките на светската турнеја „Sex and Love“ за време на која ќе го промовира својот нов албум, најпознатиот латино пејач Енрике Иглесијас го очекуваме во Скопје.

kralot-na-latino-hitovite-enrike-inglesijas-na-20ti-juni-vo-skopje-01.jpg

Концертот е закажан за 20-ти јуни во „Борис Трајковски“, а заради капацитетот на салата во продажба ќе бидат пуштени само 8.000 карти.

Ова е помеѓу најмалите концерти кои Енрике ги има одржано изминативе 10-тина години, но е вистинска атракција за нашите простори.

Најавено е дека цените ќе бидат приспособени според нашиот пазар и сите детали ќе бидат објавени на Фејсбук страната на Авалон во петок, во 19 часот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg