Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Промоција на првата книга на Маја Симоновска – „Сенката што ме чува“

Со огромна радост ве покануваме на едно незаборавно книжевно дружење со нашата нова ѕвезда на книжевното небо!

promocija-na-prvata-kniga-na-maja-simonovska-senkata-shto-me-chuva-01.jpg

На 25.04.2025 (петок), во 18:00 часот, ве пoкануваме на средба со авторката Маја Симоновска и потпишување на нејзината прва книга „Сенката што ме чува“ во топлата атмосфера на Метаноја Литературно Кафе - Центар!

Маја Симоновска е нова ѕвезда на книжевното небо, свеж, храбар и талентиран глас кој заслужува да биде чуен.

Нејзиниот дебитантски роман СЕНКАТА ШТО МЕ ЧУВА“ е крими-романса која маѓепсува уште од првата страница! Маја успева мајсторски да ги спои напнатоста и хуморот, љубовта и мистеријата, создавајќи приказна што ќе ве држи будни до доцна во ноќта – и со насмевка и со трепет.

Подгответе се за љубов што се раѓа среде опасност. Хероини со став, и мажи кои знаат да сакаат… на свој начин.

Ова не е само романса. Ова е приказна што ќе ве насмее кога најмалку очекувате, ќе ве држи во неизвесност до самиот крај, и ќе ви остане во срце уште долго по последната страница.

Книгата е во издаваштво на издавачката куќа „Читај Книга“

Не ја пропуштајте шансата да бидете дел од оваа посебна вечер!

Книгата ќе биде достапна дента на промоцијата на 25.04.2025, и онлајн на веб страницата на издавачката куќа citajkniga.mk

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg