Бев на интимен концерт на Северина во Сараево - никогаш не сум ја видела посреќна и потопла на сцена (видео)
Па почнаа да се редат „Италијана“, „Бред Пит“, „Моја штикла“, „Пријатељице“, „Тарапана“... хит до хит од Северина која, никогаш не сум ја видела толку опуштена и насмеана на сцената.
Мислам дека дури ни на скопскиот концерт пред година и пол, од кој таа самата рече дека е воодушевена, Севе не беше толку насмеана, енергична, топла...
Овој пат пред себе имавме вистинска блескава ѕвезда.
А во првите редови бевме ние - екипата од Македонија: Лила Филиповска, Јелена Спенџарска, Ива Спасовска, Калтрина Круезиу и уште петнаесетина девојки и момци кои се журкаа на забавата со Северина и Max Factor.
Сите елегантни, дотерани, блескави (како што налагаше дрес-кодот на забавата), на штикли (ова само жените) и сите распеани и раскокани, бидејќи со својата енергија Северина нè понесе и не нè остави да застанеме ни на една секунда.
„Знаете ли дека во оваа зграда се одржуваат најубавите прослави за Нова година во Сараево?
Бидејќи најверојатно никогаш нема да бидете тука за некој дочек, ајде да замислиме дека сега е полноќ и да уживаме во оваа прекрасна атмосфера заедно“, рече Северина пред крајот на својот настап, кој од 30 минути го продолжи скоро на час и половина.
Дента по забавата, додека шетавме низ улиците на Сараево и уживавме во кафето во Баш Чаршија, и понатаму бевме под впечатоци на претходната вечер.
И како што често бива, на радиото што беше пуштено во кафулето почна песна од Северина - „Тарапана“.
„Еј, еве ја нашата“ - беше коментарот, по кој се изнасмеавме и уште еднаш почнавме да ги сумираме впечатоците од една прекрасна вечер.
Погледнете го видеото од настапот на Северина:
Повеќе фотографии во продолжение:
Кликнете на трите видеа подолу за дел од атмосферата на забавата:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобелo