Здружението „До бебе по патот на ИВФ“ делеше цвеќе и мотивациски пораки за жените кои се борат за родителство
- Детали
- петок, 07 март 2025
„Со мал гест на внимание преку делење цветови со мотивациска порака на пациентките кои на денес беа во ИВФ клиниките, како симбол на љубовта, надежта и силата на жените кои се борат за родителство, сакаме да им покажеме дека не се сами“, велат од Здружението „До бебе по патот на ИВФ“.
Денес, ден пред 8ми март го одбележавме Интернационалниот ден на жената со проектот „Не си сама! Најдоброто допрва доаѓа”, организиран од страна на нашето Здружение До бебе по патот на ИВФ.
Како дел од нашата иницијатива за одбележување на 8-ми март, сакаме да го посветиме овој ден на жените кои се соочуваат со инфертилитет и предизвиците на асистираната репродукција. Наша цел е да им обезбедиме поддршка и да покажеме дека сме со нив во оваа борба.
Во оваа насока, со мал гест на внимание преку делење на цветови со мотивациска порака на пациентките кои на денес беа во ИВФ клиниките, како симбол на љубовта, надежта и силата на жените кои се борат за родителство.
Со овој мал, но значаен гест сакаме да ги охрабриме и да им покажеме дека не се сами во својата борба. Пратеничките Жаклина Пешевска и Катерина Димитровска од Собранието на РСМ заедно со членки од Здружението ги делеа цветовите.
Поделивме цветови и на персоналот во клиниките и им се заблагодаривме за нивните заложби и помош во нашата борба до бебе по патот на ИВФ.
Помошта и поддршка имаат големо значење за нас и за жените кои се дел од оваа борба.
Огромна благодарност за пратеничките за нивната несебична помош и поддршка која ни ја даваат секогаш кога ни е потребна.
Благодарност до приватните клиники Њуборн Клиник, Систина и Мон бебе кои ја поддржаа нашата иницијатива и денес ги отворија вратите за нас.
Благодарност до Варус кои како општествено одговорна компанија исто така помогнаа да се реализира оваа кампања.