Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Стефани Барбутова и „The Upper Room“ со втор госпел концерт во Скопје на 30 март

Овој 30 март во Македонската Филхармонија ќе се одржи вториот госпел концерт на Стефани Барбутова, под капата на уникатниот концепт „The Upper Room“, кој обединува повеќе извонредни музичари од земјата и од странство. Како дел од концертот ќе настапи и домашен госпел хор составен од 22 члена, во придружба на 4 вокали, кој само ќе ја надополни магичната музичка вечер.

stefani barbutova i the upper room so vtor gospel koncert vo skopje na 30 mart

Билети за концертот на Стефани Барбутова и „The Upper Room“ може да се набават преку karti.com.mk.

Приказната на „The Upper Room“ започна во 2022 година, кога Стефани за првпат се сретна до Frederick од Барбадос за заедно да свират на Балканската конференција во Црна Гора. Нивните слични интереси за современа Христијанска и Госпел музика им ги споија патиштата и соработката почна брзо да расте. Во декември 2023 година им се придружи и Maurice, исто така од Барбадос, а минатата година дел од бендот стана и басистот Carl C-Bass, кој сега е во улога и на Музички директор на Госпел концертот. Хрис

А оваа година на бендот му се приклучуваат и уште неколку врвни музичари, како Аде (Ade Keys) од Лондон, разновиден инструменталист и продуцент на Госпел музика, но највешто свири на клавијатури. Секако, тука се и феноменалните балкански и локални изведувачи. Андреј Грозданов, кој има потекло од Македонија но живее во Ријека, Хрватска му се придружува на бендот со својата акустична гитара, додека Ѓорѓи Миладиновски од Штип ќе свири на електрична гитара. Бендот ќе биде предводен од Стефани Барбутова, која освен тоа што е водечки вокал, свири и на клавијатури.

stefani barbutova i the upper room so vtor gospel koncert vo skopje na 30 mart 2

Почетоците на Госпел музиката датираат од крајот на 17ти и почетокот на 18ти век, кога таа била употребувана најчесто од робовите за време на робовладетелскиот период во САД, за да го подигнат моралот и да најдат прибежиште од нивните страдања. Она што го оформило овој музички жанро е фактот дека наместо овие луѓе да тажат во нивните стихови, тие решиле да најдат утеха за маката во Бога и да го воспеваат преку нивната музика.

Денес, Госпел музиката е распространета насекаде низ светот и се практикува на редовните неделни богослужби, но е дел и од репертоарот на врвни музичари и изведувачи. Една од нив е и нашата македонска ѕвезда, Стефани Барбутова, која на 30 март ќе пее со гласот на надежта, вербата и добрата волја!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg