Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дарио ќе добие Златна Бубамара за трајни музички вредности!

Еден од најпопуларните македонски поп пејачи, Дарио Панковски кој неодамна прослави 40 години кариера ќе ја добие наградата за трајни музички вредности на популарната манифестација „Златна Бубамара на популарноста“.

dario-kje-dobie-zlatna-bubamara-za-trajni-muzichki-vrednosti-01.jpg

Дарио својата кариерата ја почна во групата „Бон-тон“, има објавено и четири соло албуми, како и еден во живо.

Публиката која ќе биде пристуна на 28 издание на „Златна Бубамара на популарноста“ кое ќе се одржи на 19 февруари во Арената „Борис Трајковски“ ќе има можност да ужива во спектакуларен настап на Дарио збогатен со танчерите од танцовото студио „Dancers United“ и големиот оркестар на Бубамара.

dario-kje-dobie-zlatna-bubamara-za-trajni-muzichki-vrednosti-03.jpg

По 40 години кариера во континуитет и безвременските хитови „Меѓу сите ѕвезди“, „Жена за сто години“, „Зајди јасно сонце“,  „Ладна како камен“, „Дупла вотка“,„Косоока“, „Здравје боже“, „Мајко моја родиме“,  „Која ли си ти“ и многу други се само потврда за музичкиот траен печат кој го остави Дарио изминативе години на нашата сцена.

Годинешниот слоган на манифестацијата е „Вештачка интелигенција за владата – природна забава за народот“.

dario-kje-dobie-zlatna-bubamara-za-trajni-muzichki-vrednosti-02.jpg

Билетите се пуштени во продажба на https://mktickets.mk/ или во традиционална продажба во цвеќарницата „Розе Веро 2 – Тафталиџе.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg