Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
QA Engineer 05-02-2025
QA Engineer 05-02-2025
QA Engineer 05-02-2025
.Net Developer 05-02-2025


28-ма Златна бубамара на популарноста

Убедливо најпопуларната манифестација кај нас, оваа година ќе се одржи на 19 февруари во арената „Борис Трајковски“. Денес е пуштена во продажба – нова тура билети.

28-ma-zlatna-buba-mara-na-popularnosta-01.JPG

Под мотото „Вештачка интелигенција за владата - природна забава за народот“, омилената манифестација  со големо задоволство и употреба исклучиво на природна интелигенција и изворен талент, ќе се потруди да ја “апгрејтне” публиката со убавина, смеа и задоволства кои може да ни ги овозможат најпопуларните уметници и општонародни миленици.

Додека се подготвуваме да ги трошиме парите од најновиот унгарски кредит, Златна бубамара ќе ни овозможи да бидеме ЕМ РАСПОЛОЖЕНИ – ЕМ ЗАДОЛЖЕНИ!.  

28-ma-zlatna-buba-mara-na-popularnosta-02.JPG

Со мали букви, како и во секое упатство, е напишано тоа што во овој момент најмногу не интересира - жирант за добрата забава е Радио Бубамара.

28-ma-zlatna-buba-mara-na-popularnosta-03.JPG

Секое издание во изминатите 27 години се памети и прераскажува со денови, а потоа и со години. Дека Златна бубамара е вистинска архива за нашата култура се уверуваме и деновиве при секое репостирање на „ѕвездените моменти“ од досегашните изданија на манифестацијата, на кои публиката со радост си спомува и ги коментира.  

28-ma-zlatna-buba-mara-na-popularnosta-04.JPG

Од организацијата на Златната бубамара на популарноста најавуваат уште еден незаборавен спектакл - оваа година во траење од само 3 часа.  

За тие што не знааат, се уште има шанси да дојдете до билети.

28-ma-zlatna-buba-mara-na-popularnosta-05.JPG

Пуштени се во он-лајн продажба на mktickets.mk или во традиционална продажба воо цвеќарницата „Розе Веро 2 – Тафталиџе.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg