Трите карневалски денови во Вевчани преку објективот на Томислав Георгиев и стиховите на Дарко Лешоски (видео)

Ако прашате низ Вевчани кои се работите кои најљубоморно ги чуваат ќе ви кажат најверојатно две нешта: водата и еден посебен и карактеристичен дух кој не го даваат никому.

trite-karnealski-denovi-vo-vevchani-preku-objektivot-na-tomislav-georgiev-i-sithovite-na-darko-leshoski-video01.jpg

Вевчанскиот карневал, кој трае 1400 години е симбол на тој смел и независен дух на Вевчани и го брани цврстиот став дека ништо контроверзно не е надвор од границите.

Три дена, градот живее како едно со карневалот, а останатите 362 дена живее за карневалот.  За одбележување на пристигањето на новата година по стариот јулијански календар, сите генерации се под маски во карневалскиот ритам и ниту еден набљудувач ниту камера не може да го пренесе наративот до крај.

А, ние со ова екслузивно видео ви ги пренесуваме нашите доживувања од трите карневалски денови во Вевчани преку објективот на Томислав Георгиев и стиховите на Дарко Лешоски - „Вевчани“.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg