„Поклон до земја, ова е претстава на деценијата“ - Премиерата на „12“ ги воодушеви политичарите, музичарите, актерите
- Детали
- четврток, 21 ноември 2024
Од Катарина Ивановска и Тамара Тодевска, преку Милчо Манчевски, до поранешниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов - целата публика уживаше во премиерата на „12“. Новата претстава на МНТ, со врвна актерска екипа, одлична глума и неверојатна хемија меѓу глумците на сцената, едноставно мора да ја погледнете!
Вчеравечер во Македонскиот народен театар се одржа премиерата на претставата „12“, која уште со првата изведба навести дека ќе биде вистински хит и дека за неа ќе се бара билет повеќе.
Новата претстава, во режија на Синиша Ефтимов, а во која игра дел од кремот на македонското глумиште: Никола Ристановски, Игор Џамбазов, Тони Михајловски, Владо Јовановски, Ѓорѓи Јолески, Јордан Симонов, Сашко Коцев, Благој Веселинов, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Сенко Велинов и Оливер Митковски, но и единствената дама Тања Ивановска, беше доволна причина на премиерата да се појави и дел од политичкиот врв, многу актери, режисери, музичари, јавни личности....
Па така, во публиката беа и Катарина Ивановска, Тамара Тодевска, Александар Ношпал, Сретен Костиќ, Рубенс Муратовски, Ристо Вртев, Тино и Атанас, Милчо Манчевски, Ана Стојановска, Жарко Димитриевски, Снеже Велков, но и Коце Трајановски и поранешниот претседател на Македонија Ѓорге Иванов со сопругата и синот.
По премиерата, тие се дружеа во фоајето на театарот со актерската екипа, се фотографираа и не го криеја воодушевувањето од претставата.
Меѓу оние кои имаа само пофалби за „12“ е и Јанко Илковски. На својот Фејсбук, тој сподели кратко видео со коментар дека ова е претстава на деценијата.
„Бев на премиерата и се одушевив најблаго кажано - стоечки овации, немаше ниедно слободно место, all star екипа која беше над сè што сум видел досега. Претстава на деценијата!
Молете Бога да најдете карта, оти сè е распродадено до пролетоска, колку што разбрав.
МНТ да ја сними со камери и ја чува бидејќи ова ќе биде неповторливо културно богатство за идните генерации.
Драго ми е што повеќе актери ми се лични пријатели и тоа ме прави горд и сум среќен за нивниот синоќешен триумф и искрено со огромна доза на емоции им честитам, поклон до земја!“, напиша, Јанко меѓу другото.
https://www.facebook.com/100044702851659/videos/1965074943999821
Погледнете фотографии од претставата и дел од гостите кои ја посетија премиерата:
А. Ј. | Црнобело / фото: Фејсбук МНТ