Ако ви е до смеење...
- Детали
- вторник, 06 март 2012
Со оглед на тоа колку се намножија оние на кои како да им е професија да нѐ нервираат, време е да им дадеме шанса на оние што сакаат да нѐ насмеат.
Stand-up comedy пакетот 2-во-1 е одличен за билдање стомачни и подмладување преку интензивен третман од тазе смеење, но не се препорачува на луѓе со оперирана смисла за хумор.
Ако ви здосадија лоши серии и долгометражни реклами може да ѕирнете што игра во живо во Џубокс.
Актерот Бојан Велевски и авторот на „Сечи Перо“, Горан Ман, утре во 22h го продолжуваат походот, а за влезница од 150 денари присутните добиваат и 20% попуст на сите нарачки за време на настапот.
Кому му е до смеење нека си резервира место на 077 593 867 и 076 489 475.
Ѕирнете ги Бојан...
...и Горан Ман