Грузија победи на Јуниор Евросонг, нашите Ана и Алексеј завршија на 16 место (видео)
- Детали
- сабота, 16 ноември 2024
Вечерва во Мадрид се одржа 22-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваа битолчаните Ана и Алексеј.
Ана Ванковска и Алексеј Иванов од Битола го освоија 16-тото место на овогодинешниот Јуниор Евросонг, што се одржа во Шпанија.
Тие ја пееја песната Marathon, која за нив ја напишаа Лазар и Магдалена Цветкоски и добија силен аплауз од публиката.
Ана и Алексеј изгледаа одлично на сцената, разиграни, сигурни во себе и како што и самите кажаа претходно во разговор за CRNOBELO.com, дадоа сè од себе за достојно да ја претстават Македонија.
На изборот, што годинава се одржа во Мадрид, учествуваа натпреварувачи од 17 земји, а победник е Грузија.
Нашите претставници на крајот освоија 20 поени од жирито и 34 од телевоутингот, доволно за 16 место.
Досега најдобриот пласман на Македонија на Јуниор Евросонг е 5-тото место, а дури деветпати сме биле 12-ти.
Прочитајте и Ана и Алексеј возбудени пред настапот на Јуниор Евросонг: „Нема ривалство меѓу учесниците, ние сме меѓу омилените“
Погледнете го настапот на Ана и Алексеј:
-А. Ј. | Црнобело