„Maжи на годината 2024” - и оваа година ги бираме најуспешните мажи во Македонија

Настанот кој се одржува 7ма година по ред оваа година ќе блесне во „Националната Опера и Балет

mazhi-na-godinata-2024-i-ovaa-godina-gi-birame-najuspeshnite-mazhi-vo-makedonija-01.jpg

Во чест на мажите кои ја одбележаа годината со своите извонредни достигнувања, подгответе се за еден од најпрестижните настани на годината. 

Традиционално и оваа година ќе биде вечер за паметење, инспиративните приказни кои заслужуваат признанија ќе го земат приматот на вечерта, и како и секоја претходна, нема да изостане гламурот, сјајот и елеганцијата.

Овој ексклузивен настан е во организација на „Gentleman Magazine” и „Friday Communications”, a нашиот официјален поддржувач и генерален спонзор на настанот e AДМИРАЛ, која како општествено одговорна компанија ja препозна и повторно ја поддржува нашата идеја заедно да продолжиме со наградување на поединците кои имаат значајни придонеси во нашата држава.

И овој пат, ќе ја задржиме традицијата и го организираме овој настан на 25ти ноември, месецот кој секогаш се поврзува со поддршка на машкото здравје.

„Она што е новитет е дека поради големиот интерес, за прв пат настанот ќе се одржи во Националната Опера и Балет, со што ќе му се даде многу поразличен и престижен тон.

Овој културен објект ја истакнува важноста на настанот и ја потврдува неговата тежина и заложба која слави извонредност, успех и влијание во општеството.” – истакнаа организаторите

 

Одржувањето на овој настан е со особено значење, подразбира и ги препознава извонредните мажи кои оставиле трајно влијание во општеството, професионалниот живот и заедницата. 

„Изборот за 'Маж на годината' претставува признание за исклучителен успех, лидерство и инспирација. Овој настан е создаден за да ги истакне оние кои не само што го менуваат светот околу нас, туку и ги мотивираат другите да се стремат кон највисоките стандарди.

Многу од досегашните добитници потврдиле дека ова признание не само што ги направило горди, туку и ги поттикнало да се стремат кон уште поголеми достигнувања, секогаш во потрага по најдобрата верзија од себеси“.

Наскоро заедно ќе ги откриеме мажите кои оставија траен впечаток со своите дела и достигнувања во 2024 година, и тоа во 13 различни категории: Маж на годината, Маж со трајни вредности, Менаџер на годината, Менаџер на годината до 40 години, Менаџер странец на годината, Млад менаџер до 30 години, Маж со најголем придонес во културата, Маж со најголем придонес во спортот, Маж со најголем придонес во општеството, Маж со најдобар стил, Маж според социјални медиуми, Хедонист на годината, Маж на годината во избор на организаторите. 

Како и секоја претходна година, главна улога во изборот на наградите ќе има стручната жири комисија која што е составена од неколку еминентни членови од повеќе сфери од јавниот живот.

Водител на манифестацијата „Маж на годината” ќе биде Јована Костадиновска. 

Следете не во периодот што следува и подгответе се за најгламурозната вечер на годината, која ќе ја заокружи оваа незаборавна година во голем стил.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg