Публиката пееше во еден глас – Калиопи грандиозна на спектакуларниот концерт во Скопје

Калиопи синоќа во Скопје уште еднаш покажа дека е грандиозен уметник со моќен вокал од кој трепери душата во публика – пееше дует со Самарџиќ, легендараната „Бато“ ја отпеа заедно со поранешниот партнер Ромео, салата беше преполна до последно место и сите пееја во еден глас, понесени од нејзината неповторлива енергија.

promeni-dva-autfiti-publikata-peeshe-vo-eden-glas-kaliopi-grandiozna-na-spektakularniot-koncert-vo-skopje-01.jpg

На 19.10.2024 во Арената „Борис Трајковски“, Калиопи го одржа својот соло концерт пред домашната публика по подолг период од 8-9 години и уште еднаш покажа дека е вистинска поп-дива.

Салата беше преполна до последно место, а со нејзиниот моќен вокал и неверојатна енергија, таа ги подигна сите на нозе, додека пееја во еден глас со неа.

promeni-dva-autfiti-publikata-peeshe-vo-eden-glas-kaliopi-grandiozna-na-spektakularniot-koncert-vo-skopje-03.jpg

Гостин на концертот беше Мартин Маринковиќ Слаткар, а освен нивниот дует „Казна“, заедно ја отпеаја и неговата песна „Да полетам“.

Освен него, на сцената дојде и Жељко Самарџиќ, со кого го има хитот „Znam“.

Концертот го отвори облечена во црн стајлинг со тул, искомбиниран со кратка кожена јакна, а потоа се пресоблече во црно-бело одело.

promeni-dva-autfiti-publikata-peeshe-vo-eden-glas-kaliopi-grandiozna-na-spektakularniot-koncert-vo-skopje-02.jpg

„Месечина“, „Најмила“, „Обои ме“, „Црно и бело“, „Дали ме сакаш“ – таа ги отпеа нејзините најголеми хитови, а му оддаде посебна чест на нејзиниот поранешен сопруг и соработник Ромео Грил, кого го покани на сцената и заедно ја изведоа легендарната „Бато“ од која сите се ежат.

Кликнете на објавата за да го видите видеото:

За време на концертот нашата поп-дива раскажа повеќе анегдоти и интересни случки кои ги имала во нејзините 40 години кариера, публиката повеќепати направи магично ѕвездено небо, а таа не престануваше да повторува „Ве сакам, многу ве сакам, ми недостасувавте“.

Не постојат доволно зборови кои ја опишуваат енергијата, атмосферата на концертот и величината на Калиопи како уметник и вокал, па погледнете неколку видеа во продолжение (кликнете на објавите за да ги видите):

Прочитајте и Калиопи за CRNOBELO: „Кога создадов свое семејство, сфатив колкава жртва правеле моите родители за мене“

М. М. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg