Забава, дружба и уживање на прославата по повод 100 години Прилепска Пиварница

Прилепска Пиварница, столбот на традицијата и на квалитетот во пиварската индустрија, во саботата, на 13 јули, одбележа историски момент со голема прослава во чест на својата 100-годишнина.

zabava-druzhba-i-uzhivanje-na-proslavata-po-povod-100-godini-prilepska-pivarnica-01.jpg

Настанот што се одржа во Прилеп беше сведоштво за еден век извонредна посветеност кон производството на пиво и кон заедницата.

zabava-druzhba-i-uzhivanje-na-proslavata-po-povod-100-godini-prilepska-pivarnica-02_copy.jpg

Прославата официјално ја отвори Марјана Станојковска, која ја најави проекцијата на корпоративното видео за Пиварницата, кое сведочи за досегашната работа.

zabava-druzhba-i-uzhivanje-na-proslavata-po-povod-100-godini-prilepska-pivarnica-06.jpg

Потоа, топло добредојде на присутните им посакаа и генералниот директор на Пиварницата, г. Сашко Самарџиоски, заменик-генералниот директор, г-а Панде Самарџиоска, и градоначалникот на Прилеп, г. Борче Јовчески.

zabava-druzhba-i-uzhivanje-na-proslavata-po-povod-100-godini-prilepska-pivarnica-19.jpg

Во своите обраќања, тие се осврнаа на богатата историја на Пиварницата, на нејзината долготрајна посветеност на квалитетот како и на нејзината важна улога во поддршката на локалната заедница.

zabava-druzhba-i-uzhivanje-na-proslavata-po-povod-100-godini-prilepska-pivarnica-13.jpg

По инспиративните говори, присутните имаа можност да уживаат во музичките настапи на ДНК, Тропико бенд и неповторливата Марија Шерифовиќ.

zabava-druzhba-i-uzhivanje-na-proslavata-po-povod-100-godini-prilepska-pivarnica-25.jpg

Нивните енергични настапи ја подигнаа атмосферата, обединувајќи ги гостите во прославата на овој значаен јубилеј.

zabava-druzhba-i-uzhivanje-na-proslavata-po-povod-100-godini-prilepska-pivarnica-07.jpg

А, за да биде уживањето уште поголемо, Пиварницата овозможи пијалаци по роденденски цени, па присутните можеа да се освежат со домашните пива – студени Крали Марко и Златен Даб, увозните пива Карлсберг и Туборг, соковите Пепси, Миринда и Газоза, како и водите Аква Вива и Књаз Милош.

zabava-druzhba-i-uzhivanje-na-proslavata-po-povod-100-godini-prilepska-pivarnica-05.jpg

Кулминација на вечерта беше спектакуларниот огномет што го осветли небото над Прилеп, симболизирајќи ги многубројните достигнувања на Пиварницата во изминатите 100 години, како и светлиот поглед кон иднината.

zabava-druzhba-i-uzhivanje-na-proslavata-po-povod-100-godini-prilepska-pivarnica-14.jpg

Додека Прилепска Пиварница со возбуда се движи кон следните 100 години извонредност во производството на пиво, таа останува посветена на одржувањето на своето наследство на квалитет, традиција и ангажман кон локалната заедница.

Повеќе фотографии од прославата:

zabava-druzhba-i-uzhivanje-na-proslavata-po-povod-100-godini-prilepska-pivarnica-04.jpg

zabava-druzhba-i-uzhivanje-na-proslavata-po-povod-100-godini-prilepska-pivarnica-29.jpg

zabava-druzhba-i-uzhivanje-na-proslavata-po-povod-100-godini-prilepska-pivarnica-24.jpg

zabava-druzhba-i-uzhivanje-na-proslavata-po-povod-100-godini-prilepska-pivarnica-23.jpg

zabava-druzhba-i-uzhivanje-na-proslavata-po-povod-100-godini-prilepska-pivarnica-21.jpg

zabava-druzhba-i-uzhivanje-na-proslavata-po-povod-100-godini-prilepska-pivarnica-20.jpg

zabava-druzhba-i-uzhivanje-na-proslavata-po-povod-100-godini-prilepska-pivarnica-18.jpg

zabava-druzhba-i-uzhivanje-na-proslavata-po-povod-100-godini-prilepska-pivarnica-17.jpg

zabava-druzhba-i-uzhivanje-na-proslavata-po-povod-100-godini-prilepska-pivarnica-15.jpg

zabava-druzhba-i-uzhivanje-na-proslavata-po-povod-100-godini-prilepska-pivarnica-12.jpg

zabava-druzhba-i-uzhivanje-na-proslavata-po-povod-100-godini-prilepska-pivarnica-10.jpg

zabava-druzhba-i-uzhivanje-na-proslavata-po-povod-100-godini-prilepska-pivarnica-09.jpg

zabava-druzhba-i-uzhivanje-na-proslavata-po-povod-100-godini-prilepska-pivarnica-03.jpg

zabava-druzhba-i-uzhivanje-na-proslavata-po-povod-100-godini-prilepska-pivarnica-22_copy.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg