Schiller веќе е во Македонија и ги открива на убавините на земјата пред The Stars Symphony

Светски познатиот германски електронски музичар, Schiller, кој за првпат доаѓа во Македонија, веќе пристигна и своето време до настанот го поминува истражувајќи ги убавините на нашата држава. Од урбаниот шарм на Скопје до идиличните брегови на Охридското Езеро, со крајна дестинација Битола, Schiller го користи секој момент од својот престој во Македонија, да ја истражи нашата култура и нашите прекрасни места.

schiller-vekje-e-vo-makedonija-i-gi-otkriva-na-ubavinite-na-zemjata-pred-the-stars-symphony-povekje.jpg

Само за потсетување, Schiller доаѓа во Македонија за да биде дел од големиот настан по повод отворањето на Битолско културно лето БитФест, The Stars Symphony кое е во организација на општина Битола и Камерен Оркестар. Впрочем овој е прв настан од ваков вид и за првпат Градскиот стадион во Битола ќе биде домаќин на музички настан од ваков размер. Покрај Schiller, на сцената на The Stars Symphony ќе настапат и Каролина, Констракта, Суперхикс, Паркети, Brass Brothers, Love Itoya, Pig & Dan, а за загревање, присутните ќе уживаат во музиката на DJ Ile the Hair и DJ Boc.A.

schiller-vekje-e-vo-makedonija-i-gi-otkriva-na-ubavinite-na-zemjata-pred-the-stars-symphony-02.jpg

Картите се веќе пуштени во продажба, во мрежата на Тобако Димпо (Ленски Мост, Грозд и Новиот пазар) и online на следниот линк.

schiller-vekje-e-vo-makedonija-i-gi-otkriva-na-ubavinite-na-zemjata-pred-the-stars-symphony-03.jpg

schiller-vekje-e-vo-makedonija-i-gi-otkriva-na-ubavinite-na-zemjata-pred-the-stars-symphony-04.jpg

schiller-vekje-e-vo-makedonija-i-gi-otkriva-na-ubavinite-na-zemjata-pred-the-stars-symphony-05.jpg

schiller-vekje-e-vo-makedonija-i-gi-otkriva-na-ubavinite-na-zemjata-pred-the-stars-symphony-06.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg