Skopje Street Food Festival ќе се случи повторно
- Детали
- вторник, 25 јуни 2024
Во времетраење од 5 дена, почнувајќи од 26, па се до 30 јуни, на истата локација - паркингот на „Театар Комедија“, со почеток во 17:00 часот за време на работната недела и во 13 часот за време на викендот, едно сме сигурни - никој нема да си оди гладен.
Паркингот го делиме со 16 изложувачи на храна, екипата е следна: Јojo's BBQ, Oljo's, Fat Kitchen, MUSTACAOS, Taco's Jam Mexican Street Food, Scoop Artisan Gelato, Радост|Radost, BubbleWafle's Skopje, Sweet Corner, DREN, Бистро Комедија, Jes Pasta, M's Street Food, Healtyish, 23 Mama & Dominos.
Одговорни за забава ќе бидат бендовите и DJите – сигурни сме дека ќе биде супер! Фестивалот ќе го отворат дечките од Funky Fresh комуната, добро познатите DJ Гоце и DJ Чваре, па продолжуваме со Flooder, во четврток ги слушаме Day Off The Next Generation – па го слушаме Double G , a во петок ги слушаме D.N.O – па продолжуваме со Bazel.
Викендот е резервиран за South Park и Koko & In the Mood и Vaso. Музика на главна бина ќе трае до 23:00 часот, потоа се префрлуваме и продолжуваме на терасата на Бистро Комедија каде забавата трае до 01:00 часот.
На фестивалот ќе организираме и отворена и интереактивна работилница предводена од технолог по месо и месни преработки – Филип Илиевски. Филип ќе ни презентира како најдобро се изработува колбас во домашни услови, петок 28.06. од 19:00 – 20:00, да научиме како се прави најдобриот домашен колбас – сите се поканети!
Ова е делот кога Ве покануваме да ни дојдете на фестивал. Влезот е безплатен, добредојдени сте СИТЕ, соберете ја екипата, семејството, партнерот или пак дојдете сами – ние сме таму, ќе биде вкусно по сите параметри!
Предложуваме и претпочитуваме да ни дојдете со алтернативен или јавен превоз, така е повкусна храната, не губите време барајќи паркинг место и може да се испие и некоја пијачка +.
За повеќе информации (обавезно) следете го инстаграм профилот на Skopje Street Food Festival. Поздрав и се гледаме!