Cosmic Easterland - настан на Cosmic Development на кој забавата се спои со филантропијата

Минатата сабота, ИТ компанијата Cosmic Development не само што беше домаќин на еден донаторски настан - тие создадоа цел свет на радост, забава и подарување пред нивните канцеларии во Битола. 

cosmic-easterland-cosmic-development-01_copy.jpg

Под наслов Cosmic Easterland, се организираше настан кој не беше само за славење на празниците кои доаѓаат, туку се осмили концепт во кој беа вклучени стотина вработени од оваа глобална компанија која функционира на два континенти, за ширење радост, правење вистинска разлика и служење како пример во организацијата на настани поврзани со собирање на донации.

image0.jpg

image1.jpg

„Космик Девелопмент е компанија која наголемо е вклучена во филантропски активности низ годините. Овој пат, сакавме да создадеме поинакво искуство кое не само што ги зближи семејствата на нашите вработени, туку повторно ѝ врати на заедницата. Велигден е време на обновување и надеж, и има ли подобар начин да се прослави од оној да им се вратиме на оние на кои им е потребна поддршка?" - истакна Андриана Поповска, Директор на човечки ресурси во Космик Девелопмент. 

image2.jpg

image3.jpg

Од моментот кога гостите дојдоа во паркот пред зградата каде што е сместен Cosmic Development, ги пречека калеидоскоп од бои и активности. 

„Нашата цел беше да создадеме извонредно искуство за сите што присуствуваа. Имавме сè, од сликање на лицата на децата, маскоти, забава за сите генерации и вкусови, до вкусни задоволства и рачно изработени велигденски подароци - сѐ за да се осигураме дека секој гостин ќе има незаборавно време поминато со нас” - додаде Поповска. 

image6.jpg

image8.jpg

Но, тоа не беше само за забава.

Cosmic Easterland, кој се организира прв пат на ваков начин, има планови да стане традиција на оваа компанија во наредните години, а со тоа и станува и платформа за донации.

image9.jpg

image10.jpg

„Секој продаден сувенир или храна, оди директно во фондот на компанијата создаден за помош на оние на кои сме им најпотребни. Ние сме горди и среќни што можеме да кажеме дека нашите вработени самоиницијативно вложија свое лично време и труд во изработка на стотици продукти и во организирање на овој настан, а секое купување имаше значајно влијание во нечиј живот” - истакнуваат од Cosmic Development.

image11.jpg

image12.jpg

Настанот поставува нов стандард за ангажман на еден тим со заедницата и добар пример за другите бизниси во регионот. 

Пораката на Cosmic Easterland e јасна - кога бизнисите и заедниците ќе се здружат, се случуваат неверојатни работи. 

image15.jpg

image16.jpg

„Веќе планираме и поголем настан за следната година“, низ насмевка Поповска. „Сакаме да го направиме Cosmic Easterland традиција која ќе носи радост и надеж во нашата заедница во годините што доаѓаат. Воедно, го покануваме и поттикнуваме и другите бизниси и компании да ни се приклучат догодина и заедно да направиме едно големо и хумано дело.“

image18.jpg

image19.jpg

image20.jpg

image21.jpg

image22.jpg

image23.jpg

image24.jpg

image25.jpg

image26.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg