Ивана Кнез со тајна вечера го отвори Скопски моден фестивал (фото)

Македонската дизајнерка ги прослави петнаесетте години присуство на домашната сцена со драматичниот спектакл „Viva La Drama“, кој се одржа синоќа во трговскиот центар Diamond Mall.

ivana-knez-so-tajna-vechera-go-otvori-skopski-moden-festival-foto-08.jpg 

Mистеријата е конечно разрешена – домаќинка на тајната вечера за која се подготвуваа главните протагонисти од најавнaта кампања за четвртата сезона на Skopje Fashion Festival powered by Државна лотарија – всушност е Ивана Кнез, која на присутните гости под маски им ја сервираше цела своја кариера, преточена во креации инспирирани од петте филмови кои оставиле најсилен впечаток во креативната дејност на дизајнерката.

ivana-knez-so-tajna-vechera-go-otvori-skopski-moden-festival-foto-01.jpg

„Инспирирана сум од пет култни филмови кои влијаеа во создавањето на тоа што сум, култни филмови кои до ден денес менуваат животи. Ја посветувам на моите најмили, на оние кои ме поддржаа, без разлика на се што се случи изминативе петнаесет години. Наменета е за жени кои не се плашат да живеат, кои не се вклопуваат во туѓи критериуми за среќа и кои имаат храброст да бидат свои.“ - истакна Ивана Кнез.

ivana-knez-so-tajna-vechera-go-otvori-skopski-moden-festival-foto-02.jpg

На модната ревија со драмски призвук, дизајнерката ја претстави новата колекција, која е стилски омаж на филмовите: The Pink Panther (1963), Scarface (1983), Pulp Fiction (1994), The Fifth Element (1997) и Gladiator (2000), низ сценска игра на моделите, кои слободно комуницираа со публиката, претворајќи ја и неа во активен учесник во претставата. Шоуто кулминираше со изведбата на „Lady Marmalade“ oд музичката ѕвезда  Бојана Скендеровски, додека манекенките дефилираа во црвени корсети, буква по буква, за френетичен завршеток на спектаклот „Viva La Drama“.

ivana-knez-so-tajna-vechera-go-otvori-skopski-moden-festival-foto-03.jpg

ivana-knez-so-tajna-vechera-go-otvori-skopski-moden-festival-foto-05.jpg

ivana-knez-so-tajna-vechera-go-otvori-skopski-moden-festival-foto-06.jpg

Свеченото отварање на четврта сезона на Скопски моден фестивал, кој втора година по ред се одржува во партнерство со Државна лотарија, продолжи со уметничкиот перформанс на артистот Бојан Ковски, во соработка со луксузниот бренд за накит Ador. Ана Ежова се појави во улогата на Венера, но во позлатена верзија, како од вештите раце и цртежот на тело од Ковски, така и со златните ланци и прстени од Аdor. Првата фестивалска вечер на Skopje Fashion Festival заврши со забава во ресторанот Мilo, каде до доцните часови се споделуваа импресиите од „Viva La Drama“.

ivana-knez-so-tajna-vechera-go-otvori-skopski-moden-festival-foto-07.jpg

Официјални партнери за убавина на настанот се групацијата Orbico и FABUspot, застапени со брендовите: MAC, Bоbbi Brown, Clarins, Estée Lauder и Shiseido. Официјални партнери за нега на коса на фестивалот се Dakalama, со широката палета на производи од: K18, Glynt и Reuzel. За здравата и блескава насмевка на моделите се заслужни продуктите од Happy Smile. Гостите на фестивалот наздравуваа со сортните вина на Venec Winery, додека вкусните закуски ги приготви тимот на M House. Чевлите кои ги носеа моделите ревијата се од новата сезонска колекција на Marabella.

ivana-knez-so-tajna-vechera-go-otvori-skopski-moden-festival-foto-04.jpg

Втората ревиска вечер на Skopje Fashion Festival powered by Државна лотарија ќе биде во знакот на „Diamond Show“, најголемата модна ревија направена од овој тип досега, со заедничко претставување на петнаесет премиум брендови од трговскиот центар, над 70 модели на писта, поделени во три различни тематски делови: LUX LOOKS, FANCY SPORT и SMART ELEGANCE.

Дека на македонската мода ѝ претстои светла иднина, пак, ќе потврди студентската ревија на Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје и групата млади и талентирани студентки: Албина Османи, Рувејда Шабани, Атиџе Алими, Мелиса Муртези, Алејна Шабани, Фатмире Усеини и Албина Аслани, со нивната нова колекција инспирирана од домородните Американци. Ментор на групата е професорката Емира Имери, моден дизајнер и костимограф. Програмата на вториот ден започнува од 20 часот. Автор на фотографиите е Антонио Станков.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg